Вчера, првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, Василево заедно со своите наставнички, ја посетија општина Василево. Подарувајќи му рачно изработени честитки на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, го најавија доаѓањето на Новата година и убавите празнични денови.
„Новогодишна магија, што се чувствува со срце Денешниот ден во општина Василево беше вистински празник за душата. Просторот беше исполнет со топлина, радост и искрени детски насмевки – најубавиот подарок што може да се добие во овие празнични денови.
Првоодделенците од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево со својата ведрина, смеа и детска чистота го донесоа вистинскиот новогодишен дух и нè потсетија на суштината на празниците. Посебен момент беше честитката што ми ја подарија – едноставна, искрена и полна со љубов, токму како нивните срца. Во вакви моменти станува јасно дека новогодишната магија не се крие во светилките и украсите, туку во вниманието, човечката блискост и искрената радост што ја споделуваме. Од срце благодарам за ова прекрасно празнично изненадување. Нека детската радост ни биде инспирација и водилка и во годината што доаѓа“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, која е дополнета заедно со фотографии од убавите моменти на споделување среќа со најмалите ученици од училиштетео „Гоце Делчев“ во Василево.




