Денес, општина Василево за своите најмали ученици – првачињата, кои настава посетуваат во училиштата во општината, организираше предновогодишна забава. Дедо Мраз со своите помошници, костимирани во омилените детски јунаци, со песна и игра ги забавуваше дечињата чиј џагор го исполни општинскиот двор.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, посакувајќи им добредојде им посака убавите и весели мигови да им траат цела година и им вети уште многу вакви дружби и заеднички споделени моменти.
На сите првачиња општина Василево им подари новогодишни пакетчиња кои беа дополнителна причина за радост и незаборавни моменти на најмалите ученици.
Општина Василево и Дедо Мраз со предновогодишна забава за првачињата












