Општина Василево започна со чистење на дивата депонија во Пиперево

Во текот на вчерашниот ден со механизација обезбедена од  ЈПКД „Турија“, на барање од општина Василево, започна да се чисти дивата депонија во населеното место Пиперево, лоцирана на излезот од населеното место, во близина на големото фудбалско игралиште.
Информацијата со фотографии од оваа активност, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/o.vasilevo, ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „ Депонијата во Пиперево почна да се чисти.Сите добро се сеќаваме дека оваа депонија со години претставуваше сериозна опасност, во непосредна близина на Пиперево. Некои само зборуваа – ние реализираме. Денес чистењето е реалност. Ретко кој веруваше дека овој проект ќе се реализира, но денес сме сведоци дека ветеното станува дело.
Проект што го ветив – проект што се реализира.  Делата зборуваат најгласно“.
Воедно Андонов упати и порака односно предупредување до граѓаните дека ќе бидат казнети сите оние кои по чистењето на овој простор повторно би фрлале отпад.
Ги известувам сите граѓани дека по целосното расчистување на депонијата, ќе следуваат санкции за сите кои повторно ќе фрлаат отпад на ова место. Ред, одговорност и почит кон животната средина мора да има“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail