Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево-Пиперево

Општина Василево продолжува со комунално-еколошки активности. Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево -Пиперево, која претставува реална закана за загадување и на земјоделските површини  кои се покрај овој пат.
Споделувајќи фотографии од активноста, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упатува порака до граѓаните за одговорен однос и грижа за околината, која е наша, заедничка. ,,Почитувани граѓани, силно апелирам да бидеме поодговорни и совесни. Животната средина е нашиот дом и наша заедничка обврска. Загадувањето директно влијае врз здравјето на сите нас, без исклучок – и на оние кои загадуваат. Нема да има толеранција кон несовесното однесување“, стои во апелот на градоначалникот Андонов, упатен преку неговиот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24,  кон граѓаните кои со својот неодговорен однос кон животната средина, директно го загрозуваат здравјето на целата заедница.
Деновиве општина Василево ваква активност реализираше и во населеното место Пиперево во близина на големото фудбалско игралиште.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail