Континуиран раст на реализацијата на буџетот на општина Василево

Анализата направена на реализацијата на буџетот на општина Василево во последните пет години, покажува континуиран раст, кој  како што стои во информацијата споделена од градоначалникот на општината, Славе Андонов, е резултат на одговорно работење, што се гледа од прикажаните  податоци за периодот од 2021 година каде реализацијата била 63,9% до 2025 каде  реализација е 89% од планираните средства.
„Реализација на буџетот – континуиран раст и одговорно работење. 2021 – 63,9%, 2022 – 87,7%, 2023 – 82,3%, 2024 – 84,6%,  2025 – 89,0%. Овие бројки не се само проценти – тие се доказ за посветеност, домаќинско работење и реализација на ветеното. Од година во година ја зголемуваме реализацијата на буџетот и покажуваме дека кога се работи чесно, транспарентно и одговорно – резултатите се видливи. 2025 година бележи највисока реализација досега – 89%. Продолжуваме со уште посилен инвестициски циклус, повеќе проекти и подобри услови за живот за сите граѓани на општина Василево.
Зборот даден – збор исполнет“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, споделена на неговиот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail