„По неколку успешни конструктивни средби со амбасадата на Р.Турција во Р.Македонија, оствариме и работна средба со претставници на министерството за водостопанство на Турција. Разговаравме за изготвувањето на техничка документација за водоснабдувањето во Висока Маала“, објави на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со последните активности за решавање на прашањето за водоснабдување на жителите на населеното место Висока Маала.
Ова населено место има сериозен проблем со водоснабдувањето кое е особено изразено во летниот период кога потребите се зголемени. Граѓаните со вода за пиење се снабдуваат преку систем за водоснабдување чиј капацитет не е доволен за задоволување на нивните секојдневни потреби. Во изминатите години правени се повеќе интервенции во системот за водоснабдување, но без да се постигнат посакуваните резултати.
Партнерството со турската влада ќе обезбеди целосно и трајно решавање на овој исклучително сериозен проблем. Комуникацијата на општина Василево со претставниците на турската администрација и Н.Е амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија, која започна пред неколку години, се во насока токму на такво квалитно и трајно решение решение.
Висока Маала е наслено место во општина Василево, сместено во високопланинскиот појас на општината во кое живее исклучиво турско население, кое според последниот попис од 2021 година има 697 жители и 184 домаќинства.





