Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упатува отворена покана до сите свои сограѓани да земат активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2026 година.
За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во електронска форма, https://opstinavasilevo.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be-2/
преку која најдиректно, од удобноста на својот дом, ќе можат да ги образложат своите идеи и истите да ги испратат до општината. Истото можат да го направат и во писмена форма преку архивата на општина Василево.
Крајниот рок за доставување на идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2026 година е 05.12.2025 година.
Во периодот што следува, со истата цел-креирање на Буџетот за 2026 година, планирани се и средби на Градоначалникот со граѓаните во населените места на општина Василево, на кои во меѓусебна комуникација ќе имаат можност да разговараат за потребите и да предлагаат идеи за нивна реализација.
Учеството во креирањето на општинскиот Буџет е учество во креирањето на иднината на општина Василево.
Повик за учество на граѓаните во планирањето на Буџетот за 2026 година
































