„Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ , Василево ќе можат да одржуваат настава на интерактивни табли. Со министерот за локална самоуправа Златко Перински, го посетивме ООУ” Гоце Делчев” каде се поставени интерактивни табли, кои нашите ученици ќе ги користат во својот образовен процес. Учениците и наставниците од ООУ „Гоце Делчев“, во оваа учебна година ќе можат практично да ги користат бенефитите од современата технологија, кои несомнено ќе придонесат за поквалитетно одвивање на наставата и следствено на тоа постигање на подобри резултати. Нашите деца се нашата иднина“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, по посетата на ООУ „Гоце Делчев“, Василево заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Седумте интерактивни смарт табли кои веќе се ставени на користење на учениците и наставниците на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, општината ги обезбеди преку Бирото за регионален развој (БРР) во рамки на проектот „Дигитализација на основното образование со помош на смарт табли. Буџетот за нивната набавка изнесува 689 500 денари. Овој проект е реалзиран во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Очекувањата од нивното воведување во образовниот процес се олеснување на наставниот просцес и зголемен интерес кај учениците за наставните содржини што би резултирало со полесно совладување на планираните содржини и подобри резултати кај учениците.





