Во недела на 26-ти октомври 2025 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица.
Поаѓањето е во 08.00 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Од страна на организаторот превозот е организиран со комбиња и истиот е бесплатен. Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат.
Маршот се организира традиционално секоја година а повод е одбележување на годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и струмичко.