Известување за прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Василево дека на 11(петок) и 17(четврток) јули 2025 година ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:
-Петок, 11 јули 2025 година во претпладневните часови ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција.
-Четврток, 17 јули 2025 година во вечерните часови од 20,00 до 24,00 часот ќе се спроведе теристична дезинсекција против комарци (од земја).
Дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин.
Апел до пчеларите: Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.
Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail