За потребите на спроведување форумски процес, општина Василево распишува Јавен повик за избор на ко-модератор
Јавен повик за избор на комодератор
За потребите за спроведување на форумски процес од 5 форумски сесии, се распишува оглас за избор на КО – МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времескиот период од 15-ти октомври до 15-ти декември, со флексибилно работно време.
Ко – модераторор е помошник на модераторот на форумскиот процес.
Задачи за ко – модераторот:
- Координација на членовите на оперативната група за прибирање на информации неопходни за набљудување на влијанието на Форумот и олеснување на преносот на информации како контакт лице од соодветната Општина (ги пренесува информациите од модераторот до Општината, оперативната група, работните групи пошироката јавност и обратно);
- Раководење со оперативната група и работните групи;
- Организирање на форумска сесија и техничка подготовка на сесиите (обезбедување на простор, опрема за работа, аудио опрема, освежување, поставување на постери и останата логистичка поддршка по барање на модераторот, вклучувајќи регрутирање на учесници за Форумот);
- Поддршка на модераторот за време на Форумската сесија;
- Организирање и ко-модерирање на состаноците на работните групи помеѓу сесиите, вклучувајќи состаноци за поврзување на два Форума (бројот на состаноци зависи од потребите на Форумот) и организирање на други состаноци по барање на модераторот;
- Подготовка на документација за форумот (резиме, список на учесници, покани, презентации итн.) и покана на локални гости и експерти;
- Набљудување на спроведувањето на препораките од Форумите како и други ангажмани на локални авторитети, партнери и институции;
- Водење грижа за навремена изработка и дистрибуција на редовни записници од сесиите, подготовка на протоколи, резимеа и други документи до модераторот, членовите на оперативната група, работните групи и пошироката јавност;
- Поддршка на модераторот во изработката на месечни извештаи во тесна соработка со членовите на оперативната група (наративни вклучувајќи ги потребните статистички податоци);
- Водење и архивирање на форумската документација;
Извршување на дополнителни активности по барање на модераторот или општината.
Квалификации и искуство:
- Искуство во јавни настапи, координација и известување,
- Наклонетост кон тимска работа,
- Одлични комуникациски и презентациски вештини,,
- Да е жител на општината,
Заинтерсираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV), најдоцна до 07.10.2024 година. На следната адреса Oпштина Василево Василево бб – Архива или е –маил opstina_vasilevo@yahoo.co.uk
Oпштина Василево
Градоначалник
Славе Андонов