Повик за учество на граѓаните во планирањето на Буџетот за 2026 година

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  упатува отворена покана до сите свои сограѓани да земат активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2026  година.
За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во  електронска форма,  https://opstinavasilevo.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be-2/
преку која најдиректно, од удобноста на својот дом, ќе можат да ги образложат своите идеи и истите да ги испратат до општината. Истото можат да го направат и во писмена форма преку архивата на општина Василево.
Крајниот рок за доставување на идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2026 година е  05.12.2025 година.
Во периодот што следува, со истата цел-креирање на Буџетот за 2026 година,  планирани се и средби на Градоначалникот со граѓаните во населените места на општина Василево, на кои во меѓусебна комуникација ќе имаат можност да разговараат за потребите и да предлагаат идеи за нивна реализација.
Учеството во креирањето на општинскиот Буџет е учество во креирањето на иднината на општина Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail