Јавен повик за субвенционирање на домаќинствата на општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни клима уреди

2

Општина Василево објавува Јавен повик за субвенционирање на домаќинствата на општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Вкупните средства што се планирани со овој Јавен повик изнесуваат 800 000 денари, а максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател/домаќинство изнесува максимум 20 000 денари по домаќинство.

Распределбата на средствата ќе се врши врз основа на доставена комплетна документација врз основа на  редоследот на поднесување на документацијата.

Пријавувањето започнува на 12.04.2022 г. и ќе трае до 04.05.2022 г. до 16,00 часот.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КЛИМА УРЕДИ

БАРАЊЕ, (docx)        БАРАЊЕ, (pdf)

ИЗЈАВА, (docx)         ИЗЈАВА, (pdf)

Во продолжение е интегралниот текст од Јавниот повик:

ОПШТИНА Василево

Врз основа на член 22 став 1 точка 2 од Законот за локалната самоуправа ( Службен весник на РМ бр.05/02), член 15 став 2 од Статутот на општина Василево ( Службен гласник на Општина Василево бр. 12/20) , Програмата за живoтната средина на Општина Василево за  2022 година бр. 08-317/1 од 01.03.2022 година ( Службен гласник на Општина Василево бр. 02/22) и Правилник за субвенционирање на домаќинствата во Општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди бр. 08-495/1 од 31.03.2022 година  ( Службен гласник на Општина Василево бр. 03/22 ) објавува :

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на домаќинствата во Општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди

  1. Опис на јавниот повик
    • Целта на јавниот повик е да ги стимулира домаќинствата во Општина Василево за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, да ги заменат печките на тврди и фосилни горива кои ги користат за затоплување на станбениот простор во кој што живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
    • За високоефикасни инвертер клима уреди во смисла на овој јавен повик се сметаат инвертер клима уреди со работна температура за греење од минимум – 15 целзиусови степени, со енергетска класа на ладење минимум А и енергетска класа на греење минимум А и со коефициент на ефикасност SEER минимум 5.10 и SCOP  минимум 3.5.
    • Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател – носител на домаќинството изнесува 20.000,00 денари во бруто износ со вклучен персонален данок односно 18.000,00 денари во нето износ, и истиот може да се искористи за надоместување на трошоците за набавка и монтажа на еден или повеќе високоефикасни клима уреди. Доколку трошоците за набавка се повисоки од максималниот износ на субвенцијата , разликата над тој износ останува на трошок на барателот. Персоналниот данок на субвенционираниот износ  ќе биде платен од страна на Општина Василево  при исплата на субвенцијата. Вкупните средства кои што се планирани за овој јавен повик, вклучително со персоналниот данок изнесуваат 800.000,00 денари.
    • Распределбата на средствата за субвенционирање на овој јавен повик ќе се врши врз основа на уредна и комплетна документација според редоследот на поднесување на пријавите. Неуредните и некомплетните документации ќе бидат отфрлени и нема да бидат земени предвид при одлучувањето и распределувањето на средствата за субвенционирање.
    • Секој добитник на субвенција, пред исплатата на средствата за субвенција, задолжително ќе треба да достави до Општина Василево и изјава заверена на нотар дадена под материјална и кривична одговорност дека се обврзува набавениот клима уред да биде инсталиран  на територијата на Општина Василево , дека во наредните три години по денот на монтажа на клима уредот нема да го демонтира истиот и нема да користи дрва, јаглен, фосилни  или какви било други видови на нееколошки горива за затоплување на станбениот простор во кој ќе биде монтиран клима уредот, како и дека е согласен во тој период од три години да се вршат  контроли од страна на комисијата на Општина Василево во станбениот простор во  кој ќе биде монтиран уредот, а во спротивно дека е согласен да го врати во Буџетот на Општина Василево износот на искористената субвенција. Добитниците на субвенција кои нема да достават таква изјава ќе го изгубат правото на субвенционирање и општина Василево нема да има обврска за исплата на средствата.
  2. Услови за пријавување на јавниот повик
    • Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица – жители на Oпштина Василево, кои се носители на нивните домаќинства кои жителството ќе го докажат со поднесување на копија од важечка лична карта или патна исправа.
    • Физичките лица кои ќе донесат фактура или фискална сметка за набавка на високоефикасен инвертер клима уред во периодот од денот на објавувањето на јавниот повик до крајниот рок за пријавување.
    • За носител на домаќинството во смисла на овај јавен повик се смета сопственикот на станбениот простор во кој живее домаќинството , за што како доказ треба да се достави имотен лист за станбениот простор (не постар од 6 месеци) кој гласи на име на барателот на субвенцијата.
    • Доколку барателот на субвенцијата има правен основ за сопственост на станбениот простор кој не е запишан во катастарот на недвижности, тогаш треба да го достави правниот основ за промената на сопственоста ( оставинско решение, судска пресуда, договор за купопродажба, подарок, доживотна издршка или друг правен основ).
    • Доколку за станбениот простор нема имотен лист ниту правен основ за сопственост ( објект со незапишани права или бесправно изграден објект ) , тогаш сопственоста се докажува со решение за данок на имот или друг соодветен доказ на име на барателот ( потврда за поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или друг соодветен доказ).
    • Доколку посебното домаќинство живее во посебен функционален дел од еден ист станбен објект или во друг објект кој е во сопственост на друго лице, носителот на посебното домаќинство може да аплицира самостојно и независно од сопственикот на станбениот простор, при што покрај имотниот лист за станбениот простор треба да достави и последна сметка за струја  или вода на барателот или изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека е носител на посебно домаќинство и дека живее одделно во станбениот простор во кој се монтира клима уредот.
    • Набавениот клима уред треба да биде монтиран на адресата на живеење наведена во личната карта или патната исправа на барателот. Доколку барателот има живеалиште на адреса различна од адресата на живеење наведена во неговата лична карта или патна исправа, треба да достави изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека живее на адресата каде што се монтира клима уредот и дека ќе ја пријави таа адреса на живеење во Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.
  3. Начин на остварување на правото на субвенционирање
    • Начинот на остварување на правото на субвенционирање е со рефундирање на дел од направените трошоци (20.000,000 ден бруто износ) за набавка и монтажа на високоефикасен инвертер клима уред на трансакциска сметка на добитникот на субвенцијата.
    • Барателот на субвенцијата , треба да достави фискална сметка или фактура со извод од банка за извршено плаќање, заедно со копија од трансакциска сметка на барателот. Во таков случај, средствата за субвенцијата ќе бидат исплатени на трансакциската сметка на барателот.
    • Фискалната сметка или фактурата за набавка на клима уредите треба да биде со датум на издавање од денот на објавување на јавниот повик до крајниот рок за пријавување. Нема да се прифаќаат и нема да се субвенционираат фискални сметки и фактури издадени пред денот на објавување на јавниот повик.

4.Начин на пријавување

  • Пријавувањето за јавниот повик ќе биде лично со доставување на документите во плик во архивата на Општина Василево .
  • Рокот за електронско пријавување започнува на 12.04.2022 година и ќе трае до 04.05.2022 година до 16.00 часот.
  • Едно лице може да поднесе само едно барање за субвенција , при што мора да ги исполни условите од правилникот и јавниот повик. Доколку едно исто лице поднесе ново барање , неговото претходно поднесено барање се поништува и се брише, а за важечко ќе се смета барањето кое што ќе биде поднесено последно.

         5.Разгледување на пријавите и објавување на добитниците

5.1 Уредните и комплетни пријави ќе ги разгледуваат комисиите формирани од Градоначалникот на Општина Василево. Неуредните и некомплетни пријави ќе бидат отфрлени и нема да се разгледуваат.

5.2 Комисијата има право да изврши теренски увид во станбениот простор за каде што се набавува и монтира клима уредот.

5.3 Оние баратели  на субвенција  кои нема да дозволат увид во станбениот простор за каде што се набавува и монтира клима уредот , нивните барања ќе бидат одбиени.

5.4 По разгледувањето на пријавите и документацијата, комисијата ќе изготви и до Градоначалникот на Општина Василево ќе достави листа со профатени барања за субвенционирање, со податоци за барателите и износите за субвенционирање.

5.5 Врз основа на доставената листа од комисијата, Градоначалникот на Општина Василево ќе донесе решенија за субвенционирање, по што конечната листа со добитниците на субвенции ќе биде објавена на интернет страната на Општина Василево http://opstinavasilevo.gov.mk/   , на огласната табла на Општина Василево и на социјалната мрежа фан страната на Facebook  на Градоначалникот на Општина Василево.

  1. Забрана за корупциско и измамничко однесување

6.1 При спроведување на постапката по јавниот повик , доследно ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување како од страна на службените лица од Општина Василево, така и од учесниците на јавниот повик. Се забранува секој вид на корупциско и измамничко однесување.

6.2 Во смисла на овој јавен повик:

- „ корупциско однесување“ значи нудење , давање, примање или барање на било каква вредност со цел да се влијае врз активноста на службените лица од Општина Василево, така и од учесниците на јавниот повик. Се забранува секој вид на корупциско и измамничко однесување.

- „ измамничко однесување“ значи погрешно претставување на фактите за да се влијае врз процесот на аплицирање и распределувањето на средствата.

6.3 Доколку при спроведување на постапката по јавниот повик се утврди дека некој барател е вклучен во корупциски или измамнички практики при аплицирањето, неговото барање ќе биде отфрлено, а доколку тоа се утврди по завршувањето на јавниот повик и по исплатата на средствата, ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи и институции.

 

Градоначалник на Општина Василево

 Славе Андонов

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail