Општина Василево објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево за учебната 2025/2026 година. Висината на паричната помош изнесува 2 500 денари.
Во прилог на Барањето, кое се поднесува во архивата на општина Василево, потребно е да се достават следниве документи:
– фотокопија од важечки документ за идентификација (лична карта/ пасош) на барателот;
-копија од трансакциона сметка на барателот;
– копија од извод од матична книга на родени за детето;
– потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште (оригинал) и
-копија од решение за старател во случај на старателство.
Барањата можат да се поднесат секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот во архивата на општина Василево.
Јавен повик за еднократна парична помош за прваче за учебната 2024-2025