Author Archives: opstinaadmin

Стартуваше „Илинден“ 2016

igra

Синоќа, во Радичево,  започна ноќниот турнир во мал фудбал „Илинден“ 2016, кој на иницијатива на месната заедница од ова населено место и под покровителство на општина Василево се организира пета година по ред. По настапот на КУД „Илинден“  од Радичево, натпреварувачкиот дел од турнирот започна со дуел меѓу екипата на  „Митко Аграр“  од Радичево и екипата на „Силва комерц“ од соседното село Злеово кои убедливо со 5:0 ги совладаа домаќините.

Според информација од организаторот, учество во турнирот имаат пријавено 12 екипи од населени места од повеќе општини. Вкупниот награден фонд е 60 000 денари. Натпреварите ќе се играат на училишното игралиште во Радичево со почеток во 20,00 часот.

Финалето ќе се одржи на 31 јули, два дена пред празникот Илинден кој е селска слава во селото Радичево.

pred po;etok

igraorci

zapocnuvaat

igra

klupa

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Второ прскање против комарци

prskanje

Се известуваат граѓаните на општина Василево, дека во петок (22.07.2016 год.), во периодот од 04,30 до 09,30 часот, ќе се врши второто авионско прскање против комарци. Доколку временските услови се неповолни, прскањето ќе се изврши во понеделник  (25.07.2016  година)  во истиот период  (од 04,30 до 09,30 часот).

Со прскањето ќе бидат третини површините по течението на р.Струмица од влезот во општина Василево кај с. Дукатино до излезот од општината кај с. Пиперево и по текот на р. Турија на потегот од с. Добрашинци до излезот од општината кај с. Гечерлија.

Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средствто со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Интензивна градежна сезона во општина Василево

DSC_0798

Сушево,  Дукатино и Градошорци, се населените места во општина Василево во кои деновиве активно се гради. Капиталниот проект „Изградба на порој во село Сушево“, за кој општината има обезбедено средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку  Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. Паралелно со него  се одвиваат и активностите на улицата која се простира паралелно во целата должина на поројот, за која исто така средствата се обезбедени од АФПЗРР.   Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов подземните кабли за канделабрите со кои ќе биде осветлена улицата веќе се поставени.

Повеќенаменското игралиште  во населеното место Дукатино е асфалтирано. Поставена е и електричната инсталација за рефлекторите, а следната фаза е оградување, по што ќе следи и монтирање на спортските реквизити, со што жителите и на ова населено место ќе добијат свое спортско катче; место каде во било кое време од денот или ноќта ќе може  да спортуваат и рекреираат.

Со планираната динамика се одвиваат и работите на улица 5 во КО Градошорци за  пристап до индустриската зона, каде деновиве е завршена изградбата на бехатонската патека од двете страни на улицата.

„Многу бргу градежните активности во општина Василево ќе го зголемат својот обем, изјави градоначалникот на општина Василево кој го најави почетокот на изградба на три улици за кои општината има обезбедено средства, тендерските постапки комплетно се завршени и договорите со изведувачите се потпишани.

Со грант од Светска банка обезбеден преку Министерството за финансии, ќе се градат две улици и тоа: улица во Старо Владевци и улица во Василево од центарот на селото до хотел Мис Стон. И во населеното место Ангелци ќе биде изградена една улица, тоа е улицата која води кон селската црква за која општината обезбеди средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

DSC_0791

DSC_0796

DSC_0798

DSC_0808

DSC_0812

DSC_0816

DSC_0818

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Активности за обезбедување средства за изградба на две улици

DSC_0701

Заради обезбедување средства од Светска банка за изградба на две улици, по една во населените места Пиперево и Нова Маала, денес претставници од    тимот на ЦеПроСАРД,  за изработка на физибилити студијата ангажирани од МСИП проектот при Министерството за Финанси и одобрено од Светска Банка ја посетија општина Василево. Беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов, членови на општинскиот совет, граѓани од двете населени места,  директорт на ЈПКД „Турија“ Василево, г-дин Леонардо Николов и општинската администрација.  Целта на разговорите е утврдување на приоритетите и потребите на граѓаните во областите кои се под ингеренција на општината, односно утврдување на реалните потреби од изградба токму на овие две улици.

По разговорите во кабинетот на градоначалникот, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба

Од општината очекуваат денешната средба во најкратко време да даде резултати, односно позитивен одговор, како би можеле да започнат и со конкретни активности околу реализирање на двете улици.

Ви населеното место Пиперево станува збор за улицата која од центарот води кон црквата. Нејзината должина е 244 м. и истата треба да биде со атмосферска канализација. Должината на улицата во населеното место Нова Маала изнесува околу 390 метри и истата треба да биде со канал од едната страна со што ќе се реши проблемот со одводнувањето.  Техничката документација за овие две улици е веќе изготвена и нивната реализација ќе зависи од одговорот на Светска банка.

DSC_0704

DSC_0706

DSC_0709

DSC_0714

DSC_0715

DSC_0725

DSC_0737

DSC_0770

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Игралиштето во Пиперево се подготвува за почетокот на турнирот Ч`крче

igraliste Piperevo

Јавното комунално претпријатие „Турија“ Василево ангажирано од општина Василево го подготвува повеќенаменското игралиште во населеното место Пиперево за утрешниот почеток на меморијалниот турнир во мал фудбал Ч`крче.

Нови мрежи, нови држачи за мрежите и рефлекторите како и нови рефлектори се поставуваат, со цел обезбедување  на оптимални услови за одржување на турнирот.

Турнирот, традиционално,  во чест и спомен на Славе Стојанов од Пиперево го организираат неговите пријатели и семејството.

Главен покровител на турнирот е општина Василево.

igraliste 2

igraliste 3

igraliste1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Честитка по повод Рамазан Бајрам од градоначалникот на општина Василево

DSC_0693

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојонов по повод Муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, на верниците од Исламска вероисповед им ја упати следнава честитка:

Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед!

Од мое лично име и од име на општина Василево Ви упатувам најискрени честитки по повод големиот Муслимански празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир,  радост и успех во животот.

Вредностите на овој празник: добрината, разбирањето, љубовта, простувањето, разумноста, толеранцијата –  нека бидат оној цврст темел врз  кој сега  и во иднина ќе се градат добрите меѓучовечки односи во нашата мултиетничка заедница и ќе бидат основа за нејзиниот севкупен развој.

Празничната радост поделете ја со пријателите и заедно така сплотени да продолжиме успешно да чекориме по патот на заедништвото, градејќи заедница во која меѓусебното разбирање е основа на сегашниот и идниот напредок.

Посакувам овој голем празник да го зацврсти заемното почитување и соработката кои ќе вродат со нови успеси и придобивки за целата општина.

Моќта на верските и религиските учења да ја насочиме кон зацврстување на соживотот, заедно стварајќи и заедно празнувајќи.

Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед,

Ви посакувам убави празнични денови, многу радост, среќа, здравје и спокој во Вашите домови.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Василевчани ќе добијат по 4000 денари за купен нов велосипед

Bicycle

После 05 јули оваа година, граѓаните на општина Василево, за секој купен нов велосипед ќе добиваат неповратни средства во висина од 4000 денари. Оваа одлука со која се субвенционира купувањето на нови велосипеди, членовите на Советот на општина Василево ја донесоа на редовната 41-ва Седница. Одлуката е донесена по предлог односно препорака од Владата на Р.Македонија, а мотивите се помасовна употреба на велосипедите наспроти автомобилите заради зачувување на животната средина.

DSC_0659

„Сведоци сме на големи климатски промени во изминатите години предизвикани од загадувањето на животната средина во кое голем удел има современиот начин на живот и употребата на автомобилите во секојдневниот живот. Заради заштита и подобрување на животната средина,  општина Василево  по препорака од Владата на Р.Македонија донесе одлука за сите жители на општина Василево кои ќе набават свој велосипед истиот да биде субвенциониран во висина од 4000 денари. Се надевам дека тоа ќе биде добра мотивација за сите граѓани на општина Василево да набават свој велосипед и со негово користење наспроти автомобилите да придонесат во заштитата на околината. Се надевам дека ќе го подобриме не само квалитетот на живеење на граѓаните туку и квалитетот на самата животна средина во која сите ние живееме“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по донесувањето на одлуката за доделување на неповратни средства за секој купен нов велосипед за граѓаните на општина Василево.

Она што треба да го знаат граѓаните на општината е дека средства ќе се доделуваат само за ново купен велосипед. Барање за доделување на неповратни средства заедно со фискална сметка и сметкопотврда за купениот велосипед, дополнето со документ за идентификација заради утврдување на местото на  живеење и трансакциона сметка, треба да се достави до архивата на општина Василево.

„Времетраење односно ограничување на самата одлука ќе нема и тоа ќе биде една дополнителна мотивација за сите оние кои сакаат да имаат свој сопствен велосипед како превозно средство“, изјави градоначалникот Стојанов во изјавата дадена за медиумите.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 41-та Седница

DSC_0644

Сите точки од обемниот дневен ред на денешната 41-ва Седница, членовите на Советот на општина Василево ги усвоија едногласно. Од денес на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и се придружи Сашо Горгиев кој доаѓа на местото на Весна Ризова кој си поднесе оставка. Одлуката за доделување на неповратни средства за секој купен велосипед од страна на жителите на општина Василево ја образложи градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов. Ваквата одлука е по предлог на Владата на Р.Македонија со цел популаризирање на користењето на ова превзно средство кое има многу позитивни страни наспроти автомобилите односно превозните средства кои ја загадуваат животната средина. Висината на средствата кои ќе се доделуваат како субвенции за секој купен нов велосипед зависат од вредноста на велосипедот и истите не може да изнесуваат повеќе од 4 000 денари. На оваа седница советниците го усвоија и барањето на Пингпонгарскиот клуб  за лица со телесен инвалидитет Астарион спорт плус од с. Ангелци, на кој му одобрија средства во висина од 10 000 денари. Едногласно и без дискусии беа усвоени и останатите точки од дневниот ред односно:  Предлог-одлуката за доделување на награда на наставник или наставници кои постигнуваат  посебни резултати во наставно образовниот процес; Предлог-одлуката за  утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица КП бр.  923 во КО Седларци; Предлог-одлуката од утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, помошни објекти, КП бр. 1 во КО Добрашинци, вон г.р.; Предлог-одлуката од утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бсправниот објект, станбена куќа на КП бр. 207 во КО Требичино како и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во општина Василево за 2016 година.

DSC_0666

DSC_0641

DSC_0650

DSC_0652

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

„Владе Банско“ победници на Спасовденскиот турнир

пехари

Екипата на „Владе Банско“ се победници на синоќа завршениот турнир во мал фудбал „Спасовден 2016“, откако на пенали ги совладаа своите ривали „Ван Ком Бориево“. На третото место се пласира екипата на „Доне Банско“, а четвртото и припадна на „Златно зрно“ од Радовиш.

За најдобри поединци на турнирот беа прогласени: Дарко Денков од екипата на „Владе Банско“ за најдобар голман, Слободан Митков од „Ван Ком Бориево“ за најдобар играч и Томче Мижоров исто така од екипата на „Ван Ком Бориево“ за најдобар стрелец.

Турнирот во мал фудбал „Спасовден 2016“ се одржа втора година по ред, натпреварите се играа под рефлектори, на повеќенаменското игралиште во Ангелци, а организатор беше локалната самоуправа Василево.

финалисти

финале4

финале1

финале2

финале3

финале5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Трипуноски се сретна со земјоделците во Василево

DSC_0925

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделие г-дин Цветан Трипуноски денес, оствари средба со земјоделците во Василево, каде главно се разговараше околу состојбите во откупот на краставиците и доматите и најновите предлог-измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои се однесуваат на воведување на неделни цени за откуп на земјоделските производи.

„Денес сум во посета на Струмичкиот регион каде што одржав средба со земјоделците од истиот регион. Минатата недела имавме еден состанок во присуство на министерот за земјоделство каде разговаравме со земјоделците од овој регион за тековниот откуп на доматата и краставицата. На тој состанок беа предложени одредени барања од земјоделците. Едното беше да се воведе неделна цена на откупот на земјоделски производи. Министерството  изготви измена на Законот за земјоделство и рурален развој којшто моментално е во Владина процедура. Доколку истиот биде прифатен од Собранието тоа ќе значи дека неделната цена ќе биде еден од условите за откуп на земјоделските производи. Во тој дел ние како Инспекторат ќе можеме да ги следиме моменталните односно тековните ситуации со откуп на земјоделски производи“, изјави директорот на државниот инспекторат за земјоделие г-дин Цветан Трипуновски, по денешната средба со земјоделците во Василево по што следуваше посета на неколку откупни пунктови со цел како што изјави тој, директно, на лице место да види како се одвива откупот.

На средбата беше упатен апел до сите земјоделци од Р.Македонија да го користат бесплатниот телефонски број во Инспекторатот, 0800 11 000,  со цел навремено да алармираат доколку утврдат одредени неправилности во текот на самиот откуп.

На средбата со земјоделците присуствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

DSC_0912

DSC_0933

DSC_0938

DSC_0940

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail