Советот на општина Василево ја одржа 41-та Седница

DSC_0644

Сите точки од обемниот дневен ред на денешната 41-ва Седница, членовите на Советот на општина Василево ги усвоија едногласно. Од денес на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и се придружи Сашо Горгиев кој доаѓа на местото на Весна Ризова кој си поднесе оставка. Одлуката за доделување на неповратни средства за секој купен велосипед од страна на жителите на општина Василево ја образложи градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов. Ваквата одлука е по предлог на Владата на Р.Македонија со цел популаризирање на користењето на ова превзно средство кое има многу позитивни страни наспроти автомобилите односно превозните средства кои ја загадуваат животната средина. Висината на средствата кои ќе се доделуваат како субвенции за секој купен нов велосипед зависат од вредноста на велосипедот и истите не може да изнесуваат повеќе од 4 000 денари. На оваа седница советниците го усвоија и барањето на Пингпонгарскиот клуб  за лица со телесен инвалидитет Астарион спорт плус од с. Ангелци, на кој му одобрија средства во висина од 10 000 денари. Едногласно и без дискусии беа усвоени и останатите точки од дневниот ред односно:  Предлог-одлуката за доделување на награда на наставник или наставници кои постигнуваат  посебни резултати во наставно образовниот процес; Предлог-одлуката за  утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица КП бр.  923 во КО Седларци; Предлог-одлуката од утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, помошни објекти, КП бр. 1 во КО Добрашинци, вон г.р.; Предлог-одлуката од утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бсправниот објект, станбена куќа на КП бр. 207 во КО Требичино како и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во општина Василево за 2016 година.

DSC_0666

DSC_0641

DSC_0650

DSC_0652

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail