Author Archives: opstinaadmin

Директорот на АМС се сретна со стопанствениците од општина Василево

DSC_0033

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески, во кабинетот на градоначалникот на општина Василево,  оствари средба со бизнисмените од општината на која ги запозна со Измените и дополнувањата во Законот за спорт и Законот за данок на добивка со кои и се дава можност на секоја компанија да финансира во спортот а за тоа да  добие ослободување од данокот на добивка.

„ Денес во општина Василево имав можност со стопанствениците да ги продискутираме новите мерки во делот на измените на Законот за спортот и Законот за данок на добивка со кои се овозможува на компаниите кои ќе вложат во спортот да имаат соодветно даночно олеснување. Имаше навистина голем интерес за вложување во локалните спортски клубови пред се од оние компании кои се дел од индустриската зона во Василево. Јас сум оптимист дека локалниот и регионалниот спорт во овој дел од Република Македонија ќе заживее. Станува збор за ново даночно решение кое е многу достапно и  значи голем бенефит за сите приватни компании кои ќе сакаат да вложат во спортот во делот на поддршка како на индивидуалните спортисти така и на спортските клубови. За сите оние приватни компании кои сакаат да вложат во МОК, во спортските федерации има големи даночни ослободувања од данокот на добивка“, изјави директорот на АМС г-дин Марјан Спасески, по средбата со стопанственицете.

Директорт Спасески изрази големо задоволство од залагањата на градоначалникот на општина Василево за развојот на спортот и спортската инфраструктура во општина Василево, кој преку вложувања на средства од општинскиот буџет во спортската  инфраструктура ја продолжува тенденцијата на АМС и централната власт за   подигнување на локалниот спорт на повисоко ниво.

DSC_0037 DSC_0036 DSC_0039 DSC_0041 DSC_0045

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево денес асфалтираше улица во с. Василево

DSC_0019

Патната инфраструктура во населеното место Василево збогатена  со уште една новоасфалтирана улица.  Општината денес ја асфилтареше улицата од центарот на населеното место до индустрискта зона Василево чија должина е околу 660 метри и ширина 5 (пет) метри.  По должината на улицата изграден е тротоар со кој се створени услови и за непречено движење на пешаците. Составен дел на оваа улица е и атмосферска канализација по целата должина, која ќе ги прифаќа атмосферските води со што ќе биде спреќено поплавување на дворовите, куќите како и на обработливите површини кои се наоѓаат на овој простор. На денешното асфалтирање присауствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„Сведоци сме на завршување на уште еден ветен проект на граѓаните на општина Василево. Се работи за улица за поврзување од центарот на с. Василево до хотелот Мис Стон. Значењето на оваа улица е од повеќе аспекти. Еден од аспектите е и тоа што целиот овој дел е урбанизиран што значи веќе е претворен во градежно земјиште во приватна сопственост. Ова значи дека сите иматели на парцели во овој дел можат да градат домови или стопански објекти, бидејќи еден дел е за индустриска зона“ изјави градоначалникот Стојанов.

Средствата за оваа улица се грант обезбеден од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а се администрираат според правилата за Светска банка. Општина Василево обезбеди вкупно околу 11,5 милиони  денари, и со овие средства освен оваа асфалтарина е и една улица во с. Владевци.

Изведувач на градежните работи е градежната компанија Гранит.

DSC_0002 DSC_0003 DSC_0006 DSC_0009 DSC_0015 DSC_0027

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 53-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во четврток, 27.04.2017 година,со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 53-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-3).
  4. Извештај за самоевалуација 2014-2016 година на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
  5. Извештај за самоевалуација 2014-2016 година на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  6. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2016 год.
  7. Давање согласност на Одлуката на в.д директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ за усогласување на дејностите на ЈПКД „Турија“, Василево според новиот шифрарник согласно Националната класификација на дејности.
  8. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од црковното настојателство при храмот Св. Наум, с. Чанаклија.
  9. Барање за одобрување на просторија на користење во Задружен дом Илинден, Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.
  10. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2017 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишан договор за проект од областа на водоснабдувањето

3

Општина Василево обезбеди средства за изработка на техничка документација за доводен цевковод за водоводен систем за село Требичино и Дукатино. Вчера, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов го потпиша договорот согласно кој  од  Бирото за регионален развој на општина Василево и се доделени средства во износ од 720 000 денари за реализација на проектот „Подготовка на техничка документација за доводен цевковод за водоводен систем за село Требичино и Дукатино.

Средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2017 година во рамки на јавниот повик за прибирање на предлог-проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2017 година

Во реализацијата на овој проект со сопствени средства ќе учествува и општина Василево.

„ Со реализацијата на овој проект се ствараат услови за замена на постојната, дотраена, со нова водоснабдителна мрежа која ќе има капацитет за прифаќање на целокупната вода од изворот од кој  со вода се снабдуваат двете населени места Требичино и Дукатино. Со тоа целосно ќе се задоволат потребите  од квалитетна вода за пиење на граѓаните од овие две населени места“, е ставот на градоначлникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во врска со потпишувањето на одоговорот и обезбедувањето средства за изработка на техничка документација како прв чекор кон реализацијата на овој проект.

Она што следува е објава за јавна набавка и избор на фирма која ќе ја изработи техничката документација.

4

 3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Надлежните на состанок за превенција од пожари

DSC_0004

Денес, во Василево, во организација на Локалниот совет за превенција, работен состанок одржаа претставници од институциите надлежни за заштита и превенција од пожари.
Свои излагања за подготвеноста за заштита од пожари имаа претставниците од Регионалниот центар за управување со кризи, од Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица – Струмица, претставниците од СВР Струмица, Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица“ . Заеднички став на сите учесници на денешниот состанок, воедно и препорака е неопходноста од активно работење на терен, пред се преку подигање на јавната свест кај населението за заштита и спасување на сите јавни добра. Соопштенијата, флаерите, непосредните средби со граѓаните како и едукација уште од најмала возраст се алатките кои треба интензивно да се користат во периодот што следува, бидејќи со зголемувањето на надворешните темперетаури растат и опасностите и ризиците од појава на пожари.
На состанокот учествуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој воедно е и претседател на локалниот совет за превенција.
„ Општина Василево дава огромна поддршка на ваквите облици на решавање на заедничките проблеми. Целта е помагање на сите граѓани на општина Василево преку здружување на ресурсите на сите релевантни институции: општината, МВР, ДЗС, ТППЕ, РЦУК, и Шумското стопанство Беласица. Доаѓа летен период во кој е зголемена опасноста од пожари, па затоа ние треба да бидеме спремни. Години наназад преку Локалниот совет за превенција, ние како општина и надлежните институции заеднички дејствуваме во кризните ситуации“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој патем изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

DSC_0003

DSC_0015

DSC_0014

DSC_0010

DSC_0004

DSC_0015

DSC_0007

DSC_0005

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

2 (2)

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по повод Велигденските празници упати честитка до своите сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед.

Почитувани сограѓани, верници од православна и католичка вероисповед, драги Христијани!

Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден – Воскресение Христово, од мое лично име и од име на општина Василево Ви посакувам здравје, благосостојба и спокој во Вашите домови.

Христовото воскресение – Велигден е најголемиот христијански празник. Тоа е празник кој ја слави победата на животот над смртта, празник на надежта, празник на радоста, празник на вербата во Божјата љубов и моќ.

Ве повикувам, во духот на Христијанството, со верба во срцата, разбирање и почит кон другиот, заемно помагање и жртвување за општото добро, да градиме заедница на среќна и задоволни граѓани. Предизвиците пред кои секојдневно сме исправени нека  не направат помудри, похрабри и поистрајни во наоѓањето на вистинските решенија.  Божјата сила нека не води по патеките на разумот и да ни  даде сила при носењето на одлуките кои ќе значат просперитет и благосостојаба за сите граѓани на општина Василево.

Почитувани сограѓани!

Да му се радуваме на животот. Секој нов ден нека ни биде исполнет со нови добрини кои ќе ни го осветлат патот кон вечноста.

Честит Велигден

Христос Воскресе – Навистина воскресе

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започнува Велигденскиот турнир во мал фудбал

турнир во мал фудбал

Вечерва, во Василево, со почеток во 19 ч. под покровителство на локалната самоуправа Василево, започнува традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал. Натпреварите ќе се играат на спортското игралиште на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево. Учество имаат пријавено вкупно 14 екипи а турнирот ќе го отворат екипите на Авто парк Ване од Владевци и Зоки од Василево.

Карактеристика за овој турнир е што право на учество имаат само екипи од населените места во општина Васиево.

Натпреварите се распоредени во пет натпреварувачки денови и тоа среда, четврток, петок, недела и понеделник кога ќе се одиграат и финалните натпревари. Саботата –  ден пред Велигден е слободен.

Обезбедени се награди за најдобрите екипи и поединци и тоа награди за прво, второ, трето и четврто место екипно како и награди за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Тендер за реконструкција на ПОУ„Гоце Делчев“,с. Седларци, општина Василево

DSC_0215

Општина Василево објавува тендер за реконструкција на ПОУ „Гоце Делчев“ во с. Седларци. Заинтересираните субјекти целокупната тендерска документација може да ја погледаат на следниот линк:

http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/public-tenders

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заедничка обука на општините Василево и Струмјани за проект од Прекугранична соработка

DSC_0304

Општините Василево и Струмјани одржаа заедничка обука во рамки на проектот „Воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево“, финансиран во рамки на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка. Овој е втор заеднички проекти  што двете соседни општини го имплементираат со Европски пари.

Конкретно се работи за воведување на обовливи извори на енергија во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Седларци, општина Василево, со што истото ќе се вброи во редот на енергетско ефикасните објекти и воведување на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за јавно осветлување во најголемото населено место во општина Струмјани, с. Микрево.

На работилницата присуствуваа и градоначалниците на двете партнерски општини, г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Емил Илиев.

„Во почетна фаза сме на реализација на новиот проект од прекугранична соработка со општина Струмјани. Имаме големо заедничко искуство од изминатиот период, добитници сме и на награда за најдобро имплементиран проект. Суштината на овој проект е енергетска ефикасност. Во општина Василево ќе имаме целосна реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Седларци. Проектот опфаќа промена на  столарија, кровна конструкција, термоизолациона фасада, систем за топловодно греење и поставување на панели за производство на струја што значи  училиштето само ќе произведува струја која ќе се акумулира и користи за напојување на уличното осветлување во Седларци и за рефлекторите на повеќенаменското игралиште“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој патем додаде дека проектот ќе стане пример за успешно градење на енергетско ефикасни објекти и дека се надеваат повторно да бидат наградени за успешната имплементација.

„Во општина Струмјани ќе биде изградено енергетско евикасно улично осветлување како одлично решение на инфараструктурата бидејќи ќе овозможи замена на старите дотраени светилки со нова лед технологија, изјави градоначалникот на општна Струмјани г-дин Емил Илиев, кој потенцираше дека соработката со општина Василево е исклучително успешна бидејќи освен чисто техничката корист од проектите особено битна е и одличната соработка меѓу тимовите од двете општини.

DSC_0282

DSC_0285

DSC_0288

DSC_0293

DSC_0294

DSC_0297

DSC_0309

DSC_0313

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтиран регионалниот пат А4 – Струмица во делот на с.Ангелци

DSC_0261

Денес екипи на „Македонија пат“  асфалтираа дел од регионалниот пат А-4 Вељуса, поточно делот од овој патен правец кој се протега низ населеното место Ангелци . Асфалтирана е делница во должина од околу 1,5 км, односно делот кој беше најоштетен. Денес се ставаше вториот, финален  дел од асфалтот на кој му претходеше подготовка за асфалтирање и пополнување со асфалт на оштетувањата. Се работи за регионален пат кој  во делот на општина Василево поминува низ населените места Градошорци и Ангелци поради што има не само голема оптеретеност со возила, туку и голема фреквенција на пешаци.

Средствата за оваа активност се обезбедени од  Агенцијата за државни патишта.

„Она што во изминатиот период беше ветување, еве веќе стигнавме и до негова реализација. Всушност ова беше и во Програмата на Владата на РМ и во програмата на општина Василево. Соработката со институциите на Владата на РМ поконкретно со Агенцијата за државни патишта резултираше со оваа активност, поставување  нов слој на асфалт на овој пат во должина од 1,5 км.  За целосно доасфалтирање односно поставување на нов слој асфалт остануваат уште околу 800 м. кои ќе бидат реализирани во наредниот период“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов кој денес беше во с. Ангелци, на делницата што се асфалтираше. „Асфалтирањето на оваа делница значи подобрување на целокупната инфраструктура како на Република Македонија така и на општина Василево, притоа нагласувајќи го значењето на овој пат и за развојот на црковниот туризам, бидејќи преку истиот се оди за Вељуса каде се наоѓа познатиот Вељушки манастир.

DSC_0266

DSC_0241

  DSC_0251

DSC_0262

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail