Author Archives: opstinaadmin

Паркот во Градошорци комплетно завршен

DSC_0491

Деновиве заврши комплетната изградба на паркот во населеното место Грдошорци, кој заради местоположбата има значење не само за жителите на ова населено место туку и за  жителите на населените места Едрениково, Требичино, Градошорци, Седларци, Ангелци и Вељуса. Паркот е лоциран токму меѓу патиштата кои водат за овие населени места, во близина на Домот на културата во Градошорци.

„Изградбата на овој парк значи подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.  Се надевам дека ќе си го најде своето место во секојдневието на поголем број граѓани поради неговата фреквентна местоположба“ изјави градоначалникот на општина Василево г-ди Ванчо Стојанов кој очекува  граѓаните добро да се грижат за овој простор бидејќи истиот е заедничко катче за одмор и рекреација на сите граѓани.

Вкупнаат површина на паркот изнесува околу 350 м2, уредени во форма на амфитеатар, опремени со урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, бехатонски патеки и зелени површини. Осветлувањето со канделабри му дава дополнителна убавина и можност за релаксација и во ноќните часови.

Средствата за оваа инвестиција во висина од околу 750 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој преку  Програмата за развој на селата.

Изведувач на целокупните активности беше фирмата Евроградба  Инженеринг од с. Владиевци

DSC_0478

DSC_0488

park 1

park3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината Василево потпиша договор за асфалтирање на две нови улици

DSC_0721

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов потпиша договор за изградба на две улици во општина Василево, по една во населените места Василево и Владевци. Средствата за изградба на овие улици се обезбедени преку Министерството за финансии, како грант од Светска банка.

„Се работи за улица во населено место Василево односно од центарот на Василево до хотелот Мис Стон со должина од околу 660 метри, со ширина од 5,5 метри и по 1,5 метар пешачка патека од двете страни. Улицата ќе биде со атмосферска канализација.  Потпишавме договор и за иградба на улица во Владевци, која е во должина од околу 240 метри, ширина од околу 4 метри и банкини од двете страни по половина метар. Заради конфигурацијата на теренот и премостување на атмосферскиот канал таму ќе се гради и еден армирано бетонски пропуст. И оваа улица е со атмосферско одводнување“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Висината на грантот изнесува околу 260 000 евра, но како што појасни Стојанов со овие средства треба да биде изграден и еден крак од  фекалната канализација во Ангелци, проект за кој општината допрва треба да потпише договор со  Министерството за финансии.

Градежните активности на двете улици треба да започнат во почетокот и средината на месец јуни и комплетно да бидат завршени во текот на оваа градежна сезона.

Изведувач на  работите е градежната компанија Гранит.

DSC_0708

DSC_0711

DSC_0713

DSC_0716

DSC_0718

DSC_0726

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево усвои Стратегија за развој на културата и уметноста

DSC_0785

Советот на општина Василево на вчерашната редовна 40-та Седница, едногласно ја усвои Стратегијата за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016-2020 година. Овој стратешки документ општина Василево го работеше во партнерство со Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ Транзен од Струмица и истиот е дел од проектот „Развивање и ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ финансиран од Програмата на Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС и СИПУ. Пред советниците Стратегијата ја презентираше експертот Јасмина Мазгалиева.

DSC_0704

Резултатите од неколкумесечната работа на тимот вклучен во изготвувањето на овој стратешки документ на површина исфрлија три приоритетни области на дејствување, кои ќе придонесат за подобрување на оваа сфера: подобрување на постоечките и градење на нови инфраструктурни објеки и нивно ставање во функција на развој на културниот и руралниот туризам; развој на рурален туризам преку градење на сместувачки капацитети, градење и подобрување на патната мрежа, градење на единствена туристичка понуда, јакнење на капацитетите на локалнмото население за значењето на културниот и руралниот туризам како и креирање на бренд идентитет на општината со цел да се подобри видливоста на општината на локално, регионално и меѓубародно ниво. Третата област е наоѓањето финансиски средства за реализација на активности и проекти од областа на културата и уметноста.

Составен дел на Стратегијата е и акцискиот план со поставени приоритетни области и конкретни активности за наредните четири години.

Благодарност до Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен од  Струмица, на општинската администрација за целокупниот ангажман во изработката  и до програмата Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, упати градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

DSC_0706

„ Општина Василево во последните неколку години работи на подобрување на квалитетот на животот на своите сограѓани. Покрај многуте културни и спортски настани кои ги организираше општина Василево, недостасуваше еден пишан документ т.е  стратегија за развој на културата и уметноста за и преку овој сектор да ги подобруваме условите за живот и задоволиме културните потреби на граѓаните коишто живеат во општина Василево.  Овој стартешки документ ќе ни помогне во постигнување на целите односно збогатување на културно живеење на нашите сограѓани“.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на О.Василево ја одржа 40-та седница

DSC_0663

На денес одржаната редовна 40-та седница на Советот на општина Василево, усвоени беа сите предлози од дневниот ред, меѓу кои и Стратегијата за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016 – 2020 година. Образложение за овој стратешки документ даде експертот Јасмина Мазгалиева, по што советниците едногласно и без дискусии и забелешки ја усвоија.  Благодарност до Здружението за култура и развој на креативни индустрии КУЛТ- ТРАНЗЕН и до сите учесници во изготвувањето на овој стратешки документ изрази градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој како што нагласи овој документ ќе претставува основа при аплицирањето за проекти од областа на културата и уметноста во општина Василево, области на кои во наредниот период ќе им се даде зголемено значење.

Останатите точки од дневниот ред односно  Предлог-одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево, Предлог-процената на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево како и три предлог-одлуки за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација заради  проширување на планскиот опфат и вклопување на три бесправно изградени објекти беа донесени едногласно и без дискусии. Советниците беа усогласени и во однос на барањето за финансиска поддршка поднесено од Црковниот одбор во с. Ангелци, како и во однос на Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2016 година. Измената на распоредот на средствата, како што образложи градоначалникот на општината Стојанов е заради исплата на надомест за одземен имот односно надоместок за експропријацијата на приватно земјиште направена заради потребите за изградбата на улица 5 во индустриската зона КО Градошорци.

DSC_0666

DSC_0669

DSC_0673

DSC_0675

DSC_0684

DSC_0696

DSC_0699

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Василевчани ја покажаа својата хуманост на дело

DSC_0603

Денес во просториите на Домот на културата во Василево, се спроведе акција на доброволно дарување на крв. Според информацијата од организаторите со пријавени над 30 граѓани и 30-тина собрани крвни единици, акцијата ги дала очекуваните резултати.

„Како и во секоја акција во општина Василево и во денешната хуманоста е на високо ниво. Како организатори, граѓаните ги информираме преку плакати, но и преку социјалните мрежи како резултат на што имаме и доста нови, млади крводарители,“ изјави волонтерот во Црвениот крст и мотиватор на денешната акција, г-ѓа Ивана Трајкова.

„Она што општина Василево го има започнато  во изминатиот период  со денешната акција го продолжува  што значи еден континуитет со кој граѓаните на општина Василево ја покажуваат својата хуманост. Денешната заинтересираност на граѓаните кои сакаат да даруваат крв и да им помогнат на оние на кои им е потребно ја покажува хуманоста на нашите сограѓани и успешноста на денешната акција“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и самиот повеќекратен дарител на крв.

Општина Василево години наназад, заедно со Заводот за трансфузициона медицина Струмица и Организацијата на Црвениот крст учествува во организирањето на акциите на доброволно дарување на крв.

DSC_0606

DSC_0614

DSC_0621

DSC_0633

DSC_0637

DSC_0641

DSC_0647

DSC_0653

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ„Атанас Нивичански“ го одбележа патрониот празник

DSC_0544

Со свечена програма, со многу музички точки, корфеографии и рецитали, ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник.

Срдечно и топло добредојде на како што рече овој посебен ден за нивното училиште на гостите им посака директорката на училиштето г-ѓа Соња Ничева. Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина ВАсилево, г-дин Ванчо Стојанов: „Денес сме овде да го чествуваме името на патронот, на војводата од овој крај Атанас Нивичански, на чии дела особено се горди жителите од овој крај, а сите ние и Вие вработените и учениците во ова училиште преку своите активности и успеси ќе го зачувате споменот за него. Посакувам сите заедно да се радуваме на успесите на ова училиште и  да се гордееме со Вашите резултати не само сега и овде туку и во иднина. Драги ученици, она што ќе го понесете од овде нека биде оној цврст темел на кој Вашите желби ќе прераснуваат во реалност. Да бидеме сите здрави и живи и уште многу години да го одбележуваме овој ден и да ги славиме вашите резултати и успеси“ рече градоначалникот Стојанов.

Свеченоста заврши со доделување на дипломи, признанија и благодарници на најдобрите ученици кои со постигнатите резултати на општинските и регионалните натпревари го афирмирале училиштето како и благодарници за организациите и институциите со кои ова училиште има успешна соработка.

DSC_0521 DSC_0529 DSC_0532 DSC_0536 DSC_0543 DSC_0549 DSC_0553 DSC_0556 DSC_0558 DSC_0564 DSC_0567 DSC_0573 DSC_0581 DSC_0593

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 40-та седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

На 19.05.2016 година (четврток), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 40-та седница.  За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево.
  2. Предлог-стратегија за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016 – 2020 год.
  3. Донесување на одлука по барањето поднесено од Црковниот одбор во с. Ангелци.
  4. Предлог-процена на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во среда ќе се одржи крводарителска акција

DSC_0501

Црвениот крст на Македонија и Заводот за трансфузициона медицина -Струмица во соработка со општина Василево организираат хуманитарна акција на доброволно дарување на крв. Акцијата ќе се спроведе во среда, 18.05.2016 година во периодот од 08,00 до 14,00 часот во просториите на Домот на културата во Василево.

Организаторите ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата и да ја покажат својата хуманост на дело.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево организира турнир во мал фудбал во с. Ангелци

турнир

По повод Христијанскиот празник Спасовден, општина Василево организира турнир во мал фудбал во с. Ангелци.

На турнирот може да учествуваат екипи од цела Македонија.

Секоја екипа има право на 10 играчи плус 1 ЏОКЕР во полуфиналните натпревари.

Котизацијата за учество изнесува 2 500 денари.

Пријавувањето трае до 22.05.2016 година, до 18,00 часот, по што со ждребање ќе бидат одредени паровите за игра.

Турнирот започнува на 23 мај, натпреварите ќе се играат под рефлектори на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци.

Пријавување и информации на телефон 072 277 187 кај Александар и 078 639 576 кај Кико.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Ѓурѓовденски коњски трки во Василево по седми пат

DSC_0496

Дваесетина коњи од Општина Василево и соседните општини учествуваа во денешните традиционални Ѓурѓовденски трки, кои седма година по ред се одржуваат под покровителство на општина Василево.

Најбрз беше коњот Сречко на Џоче Цветков кој успеа прв да стигне на целта и да ја освои првата награда.

Награди добија и второпласираниот Сами Дермишев и третопласираниот Никола Андонов  и двајцата од Иловица. Ѓурѓовденските коњски трки од година во година стануваат се поатрактивни, привлекувајќи се поголем број граѓани кои уживаат во овој несекојдневен настан со кој на оригинален начин  во општина Василево  се одбележува празникот Ѓурѓовден.

Организатор на настанот е Панче Митев од Василево, син на Добре Митев на чија иницијатива пред седум година започнаа да се организираат Ѓурѓовденските коњски трки во Василево.

DSC_0432

DSC_0439

DSC_0448

DSC_0465

DSC_0469

DSC_0472

DSC_0480

DSC_0488

DSC_0498

DSC_0499

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail