Активност на рамнење на патот Требичино-Варварица

naslov

„Денес, се изврши рамнење на патот Требичино – Варварица се со цел успешно организирање на манифестацијата „Маршот до Варварица“ кој ќе се одржи на 23.10.2022 (недела)“, информираше преку својот ФБ профил www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод уредувањето на патот кој води од населеното место Требичино до населеното место Варварица, каде во недела на 23.10 2022 година, во организација на општина Василево, со традиционалниот настан „Марш до Варварица“, ќе се одбележи 78 годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Градоначалникот Андонов информираше и за активностите кои следуваат во континуитет а се однесуваат на населеното место Требичино, и се поврзани со празнувањето на престојниот празник Петковден.

„Во текот на утрешниот ден ќе се превземат активности и во населеното место Требичино по повод престојниот празник Петковден. Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби“, информираше Градоначалникот.

1 2 4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail