Општина Василево обезбеди средства за подобрување на земјоделската патна инфраструктура

2_576x768

Општина Василево, со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, ќе ја подобрува земјоделската патна инфраструктура.

„Ќе се тампонира земјоделскиот пат Широк пат во месноста Гладно Поле во Василево со што се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Василево. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму.  Ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината“, напиша на својот ФБ профил , https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по добивањето на  позитивен одговор односно Решението со кое на општина  Василево и се одобруваат средства во износ од 848 766 денари или 100% од инвестицијата. Вкупната должина на овој пат кој ќе се тампонира изнесува 390 метри

Следниот чекор е спроведување на постапка за јавна набавка од страна на општина Василево до крајот на месец јуни оваа година.

1_576x768 2_576x768 3_512x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail