Општина Василево денес асфалтираше две улици во Висока Маала

наслов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес, на лице место во населеното место Васока Маала го следеше финализирањето на активности на двете улици чија изградба започна пред само неколку денови.

„Денес ги  асфалтираме двете улици чија изградба ја започнавме викендов. Работејќи во континуите, улиците се завршени во експресно краток рок. Жителите од Висока Маала кои ги користат овие улици, од денес ќе ги користат благодетите на оваа последна инвестиција од општина Василево во ова населено место“, изјави градоначалникот Андонов, споделувајќи го задоволството од реализираниот проект со жителите кои присуствуваа на чинот на асфалтирањето.

Улиците се со различна должина односно површина која зависи од состојбата и условите на терен.  Двете заедно имаат површина од околу 315 м2  и вкупен Буџет од околу 500 000 денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево преку Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година.

Изведувач на градежните активности на терен е компанијата Бони интерградба.

DSC_0102_1024x681 DSC_0108_1024x681 DSC_0113_1024x681 DSC_0120_1024x681 DSC_0123_1024x681 DSC_0132_1024x681 DSC_0137_1024x681 DSC_0142_1024x681 DSC_0159_1024x681 DSC_0174_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail