ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник

DSC_0209_1024x681

Денес, ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, на свечен начин, со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и пригодна програма подготвена од учениците, го одбележа својот патрон празник и 120 годишнината од смртта на великанот Делчев.

„Денес ние како граѓани на оваа земја треба да го продолжиме наследството на Гоце Делчев и да го продолжиме неговиот борбен дух и пример. Со дадената привилегија да го имаме основното училиште со неговото име мораме да се заложиме за почитување на неговата мисија и дело, порача директорот на училиштето Дејан Стојанов во своето обраќање пред присутните.

На присутните им се обрати и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„Ми претставува чест и задоволство, денес, заедно со сите Вас, да се поклониме пред бистата на великанот, патронот на нашето училиште, еден од најголемите македонски синови, Гоце Делчев, да одбележиме 120 години од неговата смрт, од убиството со кое згасна животот на младиот револуционер, но не и неговата идеја, која ние, неговите наследници, синовите и ќерки македонски, ја шириме повеќе од еден век, рече градоначалникот Андонов, кој упати и посебна порака до учениците: Драги ученици, знаењето е вашата моќ. Нека биде  ваш најголем сојузник на патот кон успехот и посакуваната светла иднина. Вашите резултати нека бидат наша причина за гордост.  Вашиот успех нека биде добриот глас  и пораката испратена од нашето училиште, дека токму во духот на Гоцевата максима,  со силата на знаењето ја покажувате моќта  и насоката во која се движите“  порача Андонов.о

Учениците на најубав можен начин, преку  пригодна програма покажувајќи ги своите знаења и вештини го чествуваа името и делото на големиот  Гоце Делчев- патронот на училиштето.

DSC_0233_1024x681

 

DSC_0225_1024x681

 

DSC_0223_1024x681

 

DSC_0212_1024x681

 

 

 

 

DSC_0206_1024x681

 

DSC_0210_1024x681

 

DSC_0197_1024x681

DSC_0288_1024x681

DSC_0277_1024x681

 

DSC_0255_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail