Општина Василево склучи меморандум за соработка

наслов

Денес, градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов склучи Меморандум за соработка со ДТ Глобал Интернационал Девелопмент кој е изведувач и имплементатор на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите и  искористување на ресурсите, чија цел е преку партнерство со Владата на РСМакедонија и единиците на локална самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална  децентрализација.

„Општина Василево е избрана да биде дел од третата група партнер-општини на Проектот н  УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

За таа цел, денеска присуствував на настанот „Партнерство за поефикасни општини“ каде се организираше потпишување Меморандум за соработка со третата група партнер-општини. Целта на овој Меморандум е да ги опише целите на УСАИД проектот и да ја дефинира взаемната соработка предвидена при спроведувањето на овие цели меѓу Општина Василево и ДТ Глобал. Со меморандумот е опфатено и зголемување на приходите од сопствени извори на општина Василево, подобрување на капацитетите за планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, подобрување на пристапот до потенцијалните извори на надворешно финансирање“, напиша по тој повод  на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.jemi, градоначалникот на општина Василево,   Славе Андонов.

347137963_629952635720869_7662203845247585851_n_549x768

 

347397959_4463685223875820_4040445759628653936_n_512x768

347240601_195255290081825_6166819495997045661_n_1024x683

347225988_265764032557540_4210329026830801971_n_1024x683 347234938_6150512098317357_591586182545238605_n_1024x683

наслов 347560813_1265855947648860_2037704122022443519_n_1024x683

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail