Со средства од АФПЗРР општина Василево го тампонира Широк пат во с. Василево

DSC_0746_1024x681

Со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој (АФПЗРР),  во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година,   општина Василево го тампонира полскиот пат во село  Василево, познат како Широк пат кој води кон плодното Василевско поле.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој задоволен од текот и квалитетот на активностите потенцира дека инвестициите во земјоделската инфраструктура се особено важни за општина Василево, бидејќи како и во сите други стопански дејности и во земјоделието добрата инфраструктура е битен предуслов за негов развој а  квалитетниот пристап до земјоделското  земјиште ќе биде фактор плус за негова обработка и максимално искористување, бидејќи храна може да се произведува единствено таму – на  земјоделските земјишта.

Патот што се тампонира е со должина од 390 метри,  ширина од 4,5 метри и дебелина на тампонот од 25 см.  Вкупниот буџет за оваа активност, одобрен од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, преку мерката Инвестиции во инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште изнесува 594 123 денари.

 DSC_0727_1024x681 DSC_0729_1024x681 DSC_0736_1024x681 DSC_0742_1024x681 DSC_0743_1024x681DSC_0749_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail