Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

7

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

2 3 4 8

20230724_002600_1024x576

20230724_002408_1024x576

11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail