Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на камен-темелник на Специјалната болница за гинекологија и акушерство

DSC_0851_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес на покана на д-р Никола Маџунков,сопственикот на Мартини поликлиника,  беше на ставање камен-темелник на Специјалната  болница за гинекологија и акушерство, чија официјална изградба стартуваше денес.

Поликлиниката се гради на територијата на општина Василево, од левата страна на почетокот од локалниот  пат кој води кон населеното место Добрашинци.

Градоначалникот Андонов, изрази  задоволство од изградбата на ваков објект на  територијата на општина Василево: „Задоволството е посебно, што болница од таков калибар ќе се гради токму на територијата на нашата територија. Изградбата на овој објект ќе има огромен бенефит за нас како општина и  посебно за женската популација, кои ќе имаат можност  врвна здравствена услуга да добиваат во својата општина.  Посакуваме брза изградба и многу задоволни пациенти“.

DSC_0822_1024x681 DSC_0823_1024x681 DSC_0824_1024x681 DSC_0826_1024x681 DSC_0836_1024x681
DSC_0840_1024x681 DSC_0849_1024x681 DSC_0851_1024x681
DSC_0877_1024x681 DSC_0878_1024x681 DSC_0885_1024x681 DSC_0888_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail