Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на богослужба во село Чанаклија

DSC_0910_1024x681

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, денес беше во населеното место Чанаклија, во црквата Св. Наум, каде присуствуваше на  Богослужба посветена на Св. Пантелејмон- закрилникот на ова населено место.

Според кажувањето на жителите од ова населено место, пред педесет и кусур години, кога сеуште жетвата се изведувала рачно и секој двор бил полн со житни снопја, во селото избувнал пожар, кој се заканувал целосно да го пеплоса. Присебноста на селаните и итервенцијата на надлежните спречиле катастрофа од огромни размери. И бидејќи пожарот се случил токму на Св. Пантелејмон, жителите одлучиле овој ден да не одат на нива а чест и слава на светецот да му оддаваат во црквата со одржување на црковна богослужба и подготовка на црковен ручек.

DSC_0894_1024x681 DSC_0897_1024x681 DSC_0898_1024x681 DSC_0900_1024x681 DSC_0905_1024x681 DSC_0907_1024x681 DSC_0909_1024x681 DSC_0916_1024x681 DSC_0917_1024x681 DSC_0922_1024x681 DSC_0923_1024x681 DSC_0925_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail