Асфалтирана улица во с. Нова Маала

n1

Денес во населеното место Нова Маала, локалната самоуправа Василево асфалтираше улица чија изградба старуваше пред неколку денови а истата беше планирана со Програмата за изградба,  реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изврши увид во завршните активности.

Согласно тендерската документација и информациите од изведувачот должината на оваа улица изнесува 165 метри, ширината е 3,5 метри, одноцно вклучително со проширувањето од едната страна вкупната асфалтна површина изнесува 590 м2 .

Буџетот за изградба на оваа улица изнесува 862 365 денари,  средства обезбедени од општинската каса.

DSC_0023_1024x681 DSC_0031_1024x681 DSC_0043_1024x681 DSC_0044_1024x681 DSC_0048_1024x681 DSC_0057_1024x681

DSC_0055_1024x681

DSC_0047_1024x681

DSC_0028_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail