Средба со претставници на администрацијата на турската влада

1_1024x462

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информира за средбата на која бил домаќин на претставници од турската влада и на која се разговарало за можни решенија за решавање на проблемот со водоснабдување во населеното место Висока Маала.

„Во просториите на општина Василево, остварив средба со претставници од администрацијата на турската влада, задолжени за водоснабдување. Општина Василево има одлична соработка со Р.Турција, и се надевам дека од ова пријателство ќе произлезат многу заеднички мерки и проекти, со кои ќе се подобри животот на нашите сограѓани. Како градоначалник ги презентирав сите можни решенија за целосно решавање на проблемот со вода во Висока Маала. Со претставниците на турската влада заеднички ќе работиме на решавање на овој проблем. Р.Турција гледа сериозен партнер во општина Василево и заеднички ќе реализираме повеќе проекти во интерес на нашите граѓани. Создаваме трајни пријателства за општина Василево и отвараме перспективи за реализација на идни проекти.

Продолжуваме со за нашата општина Василево“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов

Проблемот со недостиг на вода за пиење во населеното место Висока Маала е сериозен посебно во летните месеци. Обидите на локаната самоуправа за решавање на истиот низ годините наназад не ги дадоа очекуваните резултати. Општина Василево се надева дека во партнерство со турската влада  целосно и трајно ќе биде решено ова од животно значење прашање, за населението од Висока Маала.

1_1024x462 2_1024x494

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail