Граѓаните задоволни од реализацијата на приоритетите од Буџетскиот форум

dsc_0034

На синоќа одржана шеста форумска сесија со која се заокружи Буџетскиот форум што општина Василево  го реализираше со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC) и Единицата за координација на форумите,  по презентацијата од страна на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов,  граѓаните со аплауз го изразија своето задоволство од степенот на реализираните приоритети.

Од вкупно 30 проекти кои како  приоритети за реализација му беа предложени на градоначалникот, во изминатиот период 6 се целосно реализирани, кај 17 реализацијата е во тек, два се делумно реализирани, а реализацијата не е започната кај 5 од предложените.

Од листата на проектите, вкупно 28 на број,  кои како препораки за реализација му беа доставени на градоначалникот, реализирани се 8 а три се во фаза на реализација. Меѓутоа во изминатиот период општина Василево има реализирано и проекти кои не беа предложени на форумските сесии но кои како што рече градоначалникот на општина Василево,  се побарани од граѓаните на средбите што редовно се одржуваат со граѓаните во нивните населени места.

„ Буџетскиот форум, односно учеството на граѓаните во носењето на Буџетот е еден демократски чин каде сите граѓани учествуваат во неговото креирање односно предлагањето на приоритетните проекти кои општина Василево треба да ги реализира во наредната година. Праксата на општина Василево беше таква и во изминатиот период меѓутоа во една подруга форма. Разликата е во тоа што градоначалникот и администрацијата одеа во сите населени места каде граѓаните ги кажуваа своите предлози. Со ваквиот процес преку форумските сесии сите граѓани од сите населени места имаа можност да се сретнат на едно место и да ги согледат проблемите и потребите на сите населени места и да го увидат фактот дека  во сите населени места има конкретни потреби кои се приоритетни и на „заедничка маса“ да се одлучи за приоритетите во рамки на општината. Сметам дека ова беше најтранспарентен начин на донесување на Буџетот и приоритетните проекти за општина Василево, па истото ќе продолжиме да го правиме и во наредниот период бидејќи оваа завршна форумска сесија за нас воедно претставува и прва за донесувањето на Буџетот на општина Василево за 2017 година“ изјави  градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, по завршувањето на шестата форумска сесија со која се заокружија активностите од Буџетскиот форум.

dsc_0008

dsc_0009

dsc_0011

dsc_0023

dsc_0038

dsc_0043

dsc_0044

dsc_0045

dsc_0048

dsc_0052

dsc_0056

dsc_0065

dsc_1592

dsc_1604

dsc_1612

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail