Училиштата во општина Василево ја одбележаа Неделата на детето

dsc_0357

Денес, во двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ Нова Маала и „Гоце Делчев“, Василево, првачињата и официјално станаа членови во Светската детска органазиција. Пред наставниците и директорките на училиштата ветија дека ќе учат, ќе ги почитуваат наставниците и дека ќе се  дружат, а наставниците се обврзаа да ги воспитуваат и образувазуваат. Честитајќи им го приемот во Светската детска организација градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов им вети, како и досега,  поддршка во сите нивни училишни активности.

Денешното одбележување беше во форма на креативни работилници во кои учествуваа сите основци.

„Оваа година неделата на детето ја одбележуваме на малку поразличен начин од претходните години, со поинакви содржини, со работилници посветени на детето, со пораки посветени на детето, бидејќи и самото мото на неделата е „Децата прашуваат“, изјави директорката на ООУ „Гоце Делчев“ Емилија Котева“.

Во денешното одбележувањето на детската недела се вклучија и дечињата од детската градинка „Прва радост“ од Василево кои денес  се придружија на работилницата организирана од ООУ „Гоце Делчев“  од Василево.

Во рамки на денешното одбележување, првачињата ја посетија општината а од нивниот домаќин,  градоначалникот, добија одговори за се што ги интересираше и  се разбира пригодни подароци.

dsc_0192

dsc_0195

dsc_0197

dsc_0198

dsc_0207

dsc_0242

dsc_0245

dsc_0253

dsc_0255

dsc_0280

dsc_0283

dsc_0321

dsc_0324

dsc_0328

dsc_0333

dsc_0336

dsc_0342

dsc_0368

dsc_0382

dsc_0396

dsc_0391

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail