Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево ја одржа 54-та Седницата

DSC_0062

Денес, Советот  на општина Василево ја одржа 54-та седница на чиј дневен ред беа две точки: Предлог-одлука за проширување на Буџетот на општина Василево и  Барање поднесено од ЛД „Фазан“ од Василево со кое бараат Советот да им одобри на користење просторија во Задружниот дом „Илинден“ во Василево.

Проширувањето на Буџетот е заради потребите на корисникот единка, детската градинка „Прва радост“ од Василево, каде е направено проширување односно зголемување на средствата за износ од 720 600 денари во ставката привремени вработувања. Образложение за овој предлог даде директорката на градинката „Прва радост“, г-ѓа Даниела Трајкова која воедно е и член на општинскиот совет.  „Средствата во висина од 720 600 денари се во расходно конто 427 110. Оваа потреба се јави  поради тоа што двајца извршители на неопределено време, по своја волја го напуштија работниот однос. Заради нормално и непречено функционирање и заради зголемениот број на деца градинката има потреба од вработувања“, беше образложението дадено од директорката Трајкова.

Овој предлог го доби потребното мнозинство.

Барањето поднесено од ЛД „Фаза“ од Василево, за одобрување на просторија во Задружниот дом Илинден во Василево, за користење заради потребите на ловечкото друштво, не го доби потребното мнозинство односно не ја добија бараната просторија.

DSC_0081

DSC_0065

DSC_0067

DSC_0071

DSC_0073

DSC_0075

DSC_0085

DSC_0087

DSC_0090

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 54-та Седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Утре, 11.05.2017 година, со почеток во 14,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 54-та Седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2017 година.
  2. Барање за одобрување на просторија на користење во Задружен дом Илинден, Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Детската градинка во Василево доби донација играчки од Мани ДООЕЛ

DSC_0013

Од денес дечињата во детската градинка „Прва радост“ во Василево ќе си играат со новите играчки – донација од фирмата Мани ДООЕЛ. Двете  огромни кутии преполни со секави играчки беа причината поради која денес дечињата беа посебни среќни. За миг секое од нив си одбра своја омилена играчка и сите заедно, радосни заради подарокот „запловија“  во детската игра.

Благодарност до донаторот –  компанијата Мани ДООЕЛ и нејзиниот сопственик, г-дин Марјан Јанков, од име на дечињата и вработените изрази  директорката на детската градинка, г-ѓа Даниела Трајковска. „Денес во просториите на детската градинка „Прва радост“ во Василево, компанијата Мани ДООЕЛ донираше играчки наменети за дечињата над две годишна возраст, со кои ќе бидат опремени двете занимални во детската градинка во кои престојуваат две групи на дечиња од две до шест годишна возраст. Претставникот на компанијата Мани ДООЕЛ беше пречекан со голен радост а подароците дочекани со воодушевување од страна на дечињата и со голема благодарност од страна на вработените во детската градинка, изјави директорката Трајкова по приемот на донацијата.

Зборувајќи за значењето на донацијата директорката ја нагласи потребата од играчките за децата во воспитно образовниот процес: „Раното детство е периодот во кој кај децата се формира темелот на раното учење и развој. Во детската природа е потребата  за блискост со природата, со играта…. и токму играчките се тие кои им се потребни на дечињата во оваа фаза на развојот. Посебно се важни едукативните играчки и играчките за развој на моториката, кои се од исклучителна важност во предучилишниот период бидејќи едноставно преку нив можеме да учиме преку игра“.

Потенцирајќи го значењето на донацијата директорката изрази надеж за продолжување на ваквата соработка и во иднина.

4

7

DSC_0002

DSC_0008

DSC_0024

DSC_0030

DSC_0031

DSC_0032

DSC_0047

DSC_0050

DSC_0051

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одбојкарите на ООУ„Гоце Делчев“, Василево – државни прваци

6
Одбојкарите на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево се државни прваци во одбојка, машки 2016/2017. На неодмана завршеното Државно првенство за основни училишта што се одржа во Пробиштип, во финалето ја совладаа екипата на ООУ  „Климент Охридски“ од Битола со резултат 2:1 во сетови, со што заслужено се закитија со титулата државни прваци во одбојка во училишната спортска лига.
Горда на постигнатите резултати и освоената титула, нивната менторка, професорката Алма Хасанова нформираше дека одбојкарите на ООУ„Гоце Делчев“,  Василево во текот на целото првенство  редат само победи.  „Од почетокот на првенството па досега, немаме ниту еден пораз. Први бевме на меѓуопштинско, зонско, регионално па се до државното првенство“, ни изјави Хасанова.
Победничката екипа на ООУ „Гоце Делчев од Василево е составена од ученици кои посетуваат настава во 7, 8 и 9 одделение, така што повеќе од сигурно е дека и во наредните натпреварувачки сезони учениците -одбојкари ќе му носат победи на своето училиште.
Според информацијата од Хасанова во комплетниот систем на натпреварување, започнувајќи од општинско, регионално, зонско па се до државно ниво учествувале околу 130 училишта.

1

12

7

 

 

18

19

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Обезбедени средства за асфалтирање на дел од патот Чанаклија – Нова Маала

DSC_0016
Општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион обезбеди средства за асфалтирање на дел од локалниот пат Чанаклија –Нова Маала во должина од еден километар – информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.  Вкупната вредност на овој проект, согласно вчера потпишаниот договор меѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој изнесува 10 468 760 денари, од кои како што информираше Стојанов 8 000 000 денари се од БРР, Програма за рамномерен регионален развој,  а остатокот се средства обезбедени од буџетот на општина Василево.
Вкупната должина на овој локален пат изнесува 4,3 км, од кои досега општина Василево  има асфалтирано 1,3 км. во правец Нова Маала- Чанаклија. По реализацијата на оваа делница од 1 км.  за доасфалтирање ќе останат уште околу 2 км. од овој пат со кој ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните од населените места Доброшинци, Нова Маала и Чанаклија, а воедно и патната инфраструктура на ниво на Југоисточен плански регион.
Следниот чекор во резализација на овој проект е распишувањето  на тендер за избор на фирма изведувач на работите.

 

Dogovor za Canaklija -Nova Maala

DSC_0004

DSC_0010

DSC_0013

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Гоце Делчев“ Василево го одбележа патрониот празник

naslov

Денес, ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа 04 мај, својот патрон празник. Присутните ги поздрави директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, која на најдобрите ученици, оние кои имаат постигнато забележителни резултати на натпреварите им додели благодарници и признанија посакувајќи им многу успеси и во иднина. Посебни честитки добија одбојкарите од училиштето, кои на неодамна одржаното државно првенство во одбојка за основни училишта, во машка конкуренција, го освоија првото место и станаа државни прваци во одбојка. Успеси и позитивни разултати на сите им посака и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој потсетувајќи ги на Гоцевата мисла,  „светот  го разбирам единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ им порача на учениците, единствено со силата на знаењето да се движат напред во училиштето и во животот.

Оваа година патрониот празник беше одбележан преку низа спортски натпревари во кои се учествуваа учениците од првата и втората смена.

DSC_0134

DSC_0136

DSC_0138

DSC_0142

DSC_0152

DSC_0155

DSC_0157

DSC_0160

DSC_0180

DSC_0189

DSC_0197

DSC_0202

DSC_0214

DSC_0220

DSC_0223

DSC_0226

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ„Гоце Делчев“ го одбележа Светскиот ден на детската игра

DSC_0069

По повод 29-ти април, Светскиот ден на детската игра, денес во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ Василево, учениците заедно со своите наставници поминаа неколку часови играјќи ги веќе подзаборавените детски игри – оние кои децата секојдневно и со часови ги играа до пред десетина години односно до времето кога беа заменети со виртуелните. Децата уживаа играјќи ги игрите „плочка“ скокање ластик, стапало, скокање со јаже, конец, брканица, најди си другарчето  и сите други веќе подзаборавени игри кои подразбираат физичка активност на отворено.

На учениците им се придружија и дечињата од детската градинка „Прва радост“, кои заедно со своите воспитувачки и негувателки уживаа во убавото пролетно време. Таму како што изјави директорката на оваа установа г-ѓа Даниела Трајковска биле на покана на ООУ„Гоце Делчев“.

„ Овде сме по покана на училиштето „Гоце Делчев“, за да го одбележиме Светскиот ден на детската игра. Сите ние знаеме дека без игра детството не постои. Играта е рамка во која децата на најадекватен начин се учат на соработка и развој. Детската игра е од важно значење за воспитувањето и интелектуалниот развој на секое дете. Нашата мисија беше да кажеме стоп на виртуелните игри бидејќи тие допринусуваат за развој на себични и несоцијализирани деца“,    изјави директорката на детската градинка „Прва радост“ Василево, г-ѓа Даниела Трајковска.

„Нашето училиште денес, по повод 29-ти април, Светскиот ден на детската игра реализираше активности во школскиот двор. Сакавме малку да ги заживееме игрите што ги играле нашите родители и ние бидејќи денес, во ерата на компјутери и интернет се случува тие игри да бидат запоставени. Нивното заживување и почесто практикување е битно за учениците пред се за нивниот психофизички развој“, изјави директорката на ООУ„Гоце Делчев“, Василево г-ѓа Емилија Котева, која преку реализација на оваа активност се обидува да ја врати вистинската игра во детскиот свет барем за време на училишните одмори.

DSC_0036

DSC_0041

DSC_0060

DSC_0062

DSC_0063

DSC_0045

DSC_0051

DSC_0056

DSC_0074

DSC_0065

DSC_0077

DSC_0082

DSC_0086

DSC_0089

DSC_0110

DSC_0113

DSC_0115

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Улица во Василево доби приоритет за реализација

DSC_0128

Советниците на општина Василево, на вчерашната седница донесоа одлука за утврдување приоритет за реализација на проектот „Реконструкција и ревитализација на дел од улица од пошта до повеќенаменско игралиште во Василево“.

Детално образложение за оваа улица, на седницата, даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„ Се работи за улица во с. Василево од поштата до игралиштето во должина од 290 метри. Средствата се обезбедени од Министерството за финансии во висина од 5 100 000 денари, грант од европската унија од ИПА Предпристапните фондови кои ќе се администрираат по правилата на Светска банка. Овој предлог ќе биде доставен до МФ. Улицата ќе биде комплетно реконструирана, ќе биде поставена атмосферска канализација а ќе се изгради и пешачка патека со бекатон од двете страни на улицата по 1,5 м. Ќе биде  поставено и осветлување, односно канделабри по целата должина. Се надевам дека овој проект ќе биде завршен за брзо време односно во текот на оваа градежна сезона“ рече во образложението дадено пред советниците, градоначалникот Стојанов на вчерашната седница на Советот на општина Василево.

DSC_0030

DSC_0033

DSC_0015

DSC_0128

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 53-та седница

DSC_0001

Сите точки од предлог-дневниот ред на денешната 53-та седница на Советот на општина Василево беа донесени. Исклучок беше направен со Барањето за одобрување  на просторија на користење во Задружен дом Илинден, Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево, кое беше изземено од денешната седница со образложение дека е потребно барателот, ЛД „Фазан“, да достави дополнително објаснување во врска со бараната просторија. Денешниот дневен ред беше дополнет и со два предлози и тоа барање за одобрување на помош во градежни материјали на црковниот одбор во с. Едрениково и Предлог-одлука за утврдување на приоритет за реализација на Проект „Реконструкција и ревитализација на дел од улица од пошта до повеќенаменско игралиште во с. Василево. И овие два предлози беа усвоени од советниците.

Составен дел од денешниот дневен ред беа Кварталните извештаи за работата на општина Василево за првиот квартал односно, Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеани а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето (К-3) сите за периодот 01.01.2017 до 31.03.2017 година. Образложение за кварталните извештаи даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој рече дека во тековниот период од планираните 224 000 000 денари во буџетот на општина Василево, вклучително со единките корисници, двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ и детската градинка „Прва Радост“ реализацијата е околу 50 000 000 денари или изразено во проценти тоа изнесува околу 23%. Кај основниот буџет на општината реализацијата е околу 25 % или од планираните околу 130 000 000 денари реализирани се околу 33 000 000 ден.

Во расходниот дел, како што образложи градоначалникот,  реализацијата е околу 25 %, па доколку во текот на следниот период се задржи  темпото на реализација од првиот квартал,  до крајот на годината буџетот ќе биде 100% реализиран и нема да има потреба од ребаланс- потенцираше градоначалникот Стојанов.

Без дискусија и забелешки беа усвоени и останатите точки од дневниот ред меѓу кои извештаите за самоевалуација на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала за периопдот 2014-2016 и извештајот за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2016 год.

DSC_0002

DSC_0005

DSC_0014

DSC_0017

DSC_0026

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Марјан Спасески во увид на спортската инфраструктура во Василево

9

Директорот на АМС г-дин Марјан Спасески, заедно со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов направија увид во спортската инфраструктура на општината. Прва на агендата беше посета на  големото фудбалско игралиште во Василево каде редовен тренинг одржуваа фудбалерите на ФК Василево Јуниор кои според раководството се иднината која ќе му носи победи на клубот и ќе ја  промовира општина Василево. Од раководството на ФК Василево упатија благодарност до општината и градоначалникот за континуираната поддршка што ја добиваат.

Посетата продолжи во с. Добрашнци каде деновиве општина Василево започна со изградба на повеќенаменско игралиште. Игралиштето се гради во дворот на училиштето и освен што ќе го користа учениците за изведување на наставата по спорт и физичка култура, на него непречено ќе може да спортуваат и сите останати граѓани. Опременоста со рефлектери ќе овозможи спортување и во ноќните часови. Средствата за изградба на ова игралиште изнесуваат околу 3 250 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Игралиштето ќе биде со стандардни димензии и опремено со стативи и кошеви со што ќе може да се практикуваат повеќе спортови. Изведувач на градежните работи е компанијата Пешо инженеринг.

Посетата на директорот Спасески заврши во Дукатино, каде тамошното игралиште и официјално беше пуштено во употреба. Средствата за изградба на ова игралиште во висина од околу  3 100 000 денари се обезбедени од буџетот на општина Василево.  Градоначалникот на општина Василево во изјавата дадена за медиумите потенцираше дека со ова како и сите други реализирани проекти од областа на спортот се потврдува дека општина Василево многу и во континуитет вложува во спортската инфраструктура.

„Општина Василево вложува многу во спортската инфраструктура. Она што го најавивме во изминатиот период, тоа го реализираме и на дело. Денес сме сведоци на пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во с. Дукатино. Она што во изминатиот период го работевме ќе продолжиме да го работиме и во наредниот, потенцираше Стојанов притоа додавајчи дека секое населено место ќе добие спортска инфраструктура  со цел најмлада популација да биде  одтргната од пороците на денешницата и воедно да му се даде акцент на развојот на спортот во општината. „Општината вложи многу во изминатиот период во спортската инфраструктура а во сето тоа ни помогна Владата на РМ, Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт. Добрата соработка со АМС се надевам дека ќе продолжи и во наредниот период и ќе резултира со реализација  на уште многу други проекти во нашата општина. Во наредниот период во насока на исполнување на програмата на општина Василево ќе следува и изградба на  по едно повеќенаменско игралиште во Едрениково и Чанаклија со што спортската инфраструктура во сите населени места ќе биде заокружена“, изјави градоначлникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

8

1

4

5

DSC_0097

3

7

11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail