Улица во Василево доби приоритет за реализација

DSC_0128

Советниците на општина Василево, на вчерашната седница донесоа одлука за утврдување приоритет за реализација на проектот „Реконструкција и ревитализација на дел од улица од пошта до повеќенаменско игралиште во Василево“.

Детално образложение за оваа улица, на седницата, даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„ Се работи за улица во с. Василево од поштата до игралиштето во должина од 290 метри. Средствата се обезбедени од Министерството за финансии во висина од 5 100 000 денари, грант од европската унија од ИПА Предпристапните фондови кои ќе се администрираат по правилата на Светска банка. Овој предлог ќе биде доставен до МФ. Улицата ќе биде комплетно реконструирана, ќе биде поставена атмосферска канализација а ќе се изгради и пешачка патека со бекатон од двете страни на улицата по 1,5 м. Ќе биде  поставено и осветлување, односно канделабри по целата должина. Се надевам дека овој проект ќе биде завршен за брзо време односно во текот на оваа градежна сезона“ рече во образложението дадено пред советниците, градоначалникот Стојанов на вчерашната седница на Советот на општина Василево.

DSC_0030

DSC_0033

DSC_0015

DSC_0128

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail