Во Нова Маала започна изградбата на улицата покрај џамијата

наслов

Општина Василево започна со изградба на улицата покрај џамијата во населеното место Нова Маала, со што ја стартуваше и реализацијата на годинешната Програма за изградба, реконструкција и  одржување на локални патишта и улици.
На стартот на градежните активности увид направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. „Почнуваме со градежни активности на една од клучните улици во турското маало во нова маала. Денес направивме увид во градежните активности на улица покрај Џамијата во Нова Маала која е една од најголемите и најзначајна улица. Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, напиша градоначалникот Андонов на својот ФБ профил.
Според податоците од техничката документација, должината на оваа улица изнесува 180 метри а ширината околу 3 метри, односно ќе бидат асфалтирани вкупно 560 м2 .
Согласно Договорот со компанијата која ги изведува градежните активности на терен, буџетот за изградба на оваа улица изнесува 881 935 денари, средства обезбедени од општинската каса.

436211079_10230324622878127_7534352068493771918_n_576x768 437089781_10230324625278187_7710351094429496934_n_576x768 437104439_10230324623078132_5716537575813365323_n_576x768 437157919_10230324624598170_7873288986730085764_n_576x768 437168542_10230324625478192_5925023629163806721_n_576x768 438910506_10230324625358189_8746341586133647047_n_576x768 438932069_10230324623358139_6512488044731503227_n_576x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail