Заврши реконструкцијата на филтер станицата „Ташли Баир“

voda1

Веста за завршувањето на реконструкцијата на филтер станицата „Ташли Баир“, од каде со вода за пиење се снабдуваат населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково и стопанските субјекти во индустринската зона на општина Василево, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково конечно ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Заврши реконструкцијата на филтер станицата „Ташли баир“ . Целосно и темелно се реши проблемот со вода за пиење за жителите на Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково. Навистина сум среќен што решаваме децениски проблем. Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша градоначалникот Андонов.
Од овој систем за водоснабдувањље со вода за пиење се снабдуваат 1459 домаќинства од населените места Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково и 139 прави лица.
Буџетот за реконструкција на филтер станицата кое започна минатата година  е обезбеден од  различни извори,  односно 2 000 000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата  за управување со водите за 2023 година, 1 395 940 преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Бирото за регионален развој согласно Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој напланските региони за 2023 година и сопствено учество на општина Василево во износ од 104 695 денари.

4_576x768 5_576x768 naslov

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail