Советот на општина Василево ја одржа 37-та седница

Sala na Sovet

Советот на општина Василево на вчера одржаната редовна седница ги усвои сите предлози од дневниот ред, кој на самата седница беше дополнет со уште две точки:  Барање финансиски средства за организација на Велигденски турнир во мал фудбал во с. Добрашинци и Предлог-информација за изградба на водоснабдителна станица за Висока Маала.

Едногласно и без дискусија беше усвоен предлогот за местата на кои е дозволено лепење плакати за престојните парламентарни и претседателски избори. Согласно Одлуката тоа се одредени трафостаници во населените места, електричните столбови, Домот на културата во с. Нова Маала и кај селската чешма во с. Чанаклија. Во одлуката, посебно е потенцирано дека не е дозволено поставување на плакатаи на електричните кабли од електричните столбови и мостовите низ населените места. Локациите ќе се користат без надоместок, по претходно нивно обележување од страна на Општината за секој  подносител на листа посебно.

Без дискусија беа усвоени и Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година; Завршната сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2023 година; Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година; Предлог-одлуката за ажурирање на составот на Универзалните сили на општина Василево и Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година.

Едногласно беше усвоено Барањето за финансиски средства за организирање на Велигденскиот турнир во мал фудбал во населеното место  Добрашинци, како и Информацијата за изградба на водоснабдителна станица за Висока Маала, проект кој ќе се реализира како донација од Република Турција и со кој трајно и квалитетно ќе се реши прашањето со  водоснабдување во ова населено место.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail