Тампониран полски пат во Нова Маала кој води кон патот за Чанаклија

наслов

„Се решава горлив проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Нова Маала“, напиша градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,

по увидот во активностите на тампонирање на полскиот пат Нова Маала – Чанаклија кои се одвиваа викендов.

Оваа активност општина Василево ја спроведе во соработка со ЈПКД „Турија“  и истата е планирана во Програмата за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2024 година

Градоначалникот Андонов најави дека во наредниот период ќе бидат тампонирани полски патишта и во другите населени места каде за тоа има потреба.

1_576x768 3_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail