Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 48-ма седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во понеделник, 12.12.2016 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 48-ма седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за изработка на техничка документација за водоснабдување за населените места Требичино и Дукатино.
  2. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за развој на патната инфраструктура преку изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала.

Седницата ќе  се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал, Василево 2016-2017

dsc_0754

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во организација на ФК „Василево“, а под покровителство на општина Василево, се организира традиционалниот Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал.

Пријавувањето на екипите е во тек и ќе трае до 15.12.2016 година до 18,00 часот. Котизацијата за учество е 5 000 денари, а вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари. Турнирот ќе започне на 16 декември 2016 година. Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. Заинтересираните екипи  подетални информации може да добијат кај лицето за контакт Александар на  телефонскиот број 072 277 187.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Обезбедени средства за асфалтирање на дел од патот Чанаклија – Нова Маала

dsc_0665

Општина Василево, преку Ценатрот за развој на Југоисточниот плански регион обезбеди средства за асфалтирање на еден километар од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала.  Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, на денешната 24 седница на ЦРЈИПР одлучено е средствата кои Центарот ги обезбеди преку  Бирото за регионален развој да бидат наменети за асфалтирање на локалниот пат Чанаклија  – Нова Маала. Станува збор за сума од 8 000 000 денари,  а остатокот до неопходните 9 700 000 денари односно средства во висина од 1 700 000 денари општината ќе ги обезбеди од сопствените приходи. Вкупната должина на овој локален пат е 3,9 км,  од кои досега се асфлтирани 1 км а изграден е и еден мост.

„Асфалтирањето на овој пат има посебно заначење за општина Василево не само поради тоа што општината се поврзува со соседните општини Босилово и Струмица, туку и поради урбанизација на површините на потегот  Чанаклија – Нова Маала“,  потенцира градоначалникот Стојанов.

dsc_0661

dsc_0665

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“, 2017

dsc_0637

Општина Василево е една од дваесетте општини од Р.Македонија избрани да бидат учесници во дипломатско детската манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, која е поддржана од амбасадорите на Европа и Европската Унија. По тој повод,  денес, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,  оствари средба со директорот и извршниот директор на „Црна Гора во ритамот на Европа“ г-дата Давид Макевич и Игор Карадаревич на која подетално беше запознат со обврските на општината во подготовките на нејзиниот претставник. Целта на манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранција, рамноправност на полови, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. Манифестацијата секоја година се одржува во земјата победник од претходната година. Во 2017 година ќе се одржи во Скопје. Децата кои ќе ја претставуваат својата општина, ќе се претстават со изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Манифестацијата има натпреварувачки карактер. Децата победници ќе ја посетат земјата чија што Амбасада ја претставувале на натпреварот. Децата од општина Василево ќе се натпреваруваат со децата од општините: Охрид, Јегуновце, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани, Гостивар, Дојран,  Кичево, Велес, Кавадарци, Свети Николче, Дебарца, Радовиш, Новаци, Крива Паланка, Делчево и градот Скопје. Децата учесници во манифестацијата ќе бидат избрани по пат на аудиција. Манифестацијата ќе се пренесува на Македонската радио телевизија.

Организацијата на манифестацијата Македонија во ритамот на Европа, годинава  ја поддржуваат Министерството за локална самоуправа заедно со Секретаријатот за европски прашања.

dsc_0633

dsc_0641

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 47-та седница на Советот на општина Василево

dsc_0728

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 47-ма седница  на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред. Исклучок беше Предлог-одлуката за давање согласност за легализација на бесправно изградени објекти на земјиште на општина Василево  к.п бр. 1858/1 во КО Ангелци, која  на предлог од претседателот на Советот, г-дин Драги Митев, беше изземена од дневниот ред. Во образложението за предлогот за  изземање на точката од дневен ред, претседателот на Советот нагласи дека тоа е по сугестија на општинската администрација.

Едногласно, советниците ги донесоа Пограмата за управување со отпад на територијата на општина Василево за 2017 година,  Програмата за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2017 година и Програмата за работа на Советот на општина Василево за 2017 година. Едногласно беше донесена и одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица на к.п бр. 931/3 во КО Василево, како и две барања за финансиска поддршка. Советниците одлучија со по 20 000 денари да им се помогне на едно физичко лице за лекување и на ЛД „Фазан“ од Василево.

dsc_0731

dsc_0732

dsc_0737

dsc_0741

dsc_0743

dsc_0746

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 47-ма седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во вторник, 29.11.2016 година, со почеток во 13,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 47-та седница. За работа на седницата предчлошен е следниот дневен ред:

1. Предлог-програма за управување со отпад на територијата на општина Василево за 2017 год.

2. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2017 година.

3. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2017 година.

4. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица на к.п бр. 931/3 во КО Василево.

5. Предлог-одлука за давање согласност за легализација на бесправно изградени објекти на земјиште на општина Василево к.п бр. 1858/1 во КО Ангелци.

6. Донесување на одлука по барањето поднесено од ЛД „фазан“ од Василево.

7. Донесување на одлука по барањето поднесено од Цеков Туше од с. Седларци.

Седницата ќе се одржи вопросториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината изготвува урбанистички планови за повеќе населени места

dsc_0722

Изготвувањето на урбанистичка планска документација за повеќе населени места во општина Василево  е една од активности кои деновиве добива на интензитет. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, г-дин ВАнчо Стојанов, во завршна фаза е изработката на урбанистичкиот  план за населеното места Пиперево и истиот опфаќа површина од околу 90 ха.  Со оваа планска документација  досегашниот опфат е проширен и истиот освен дел за домување опфаќа и површини со намена за лесна индустрија и занаетчиство.

Со урбанистичкиот план за населеното место Василево планирано е проширување на постојниот опфат и тоа во делот домување а дополнително се работи и урбанистички план за проектот „Купи куќа за млади“, за кој како што нагласи градоначалникот Стојанов, општина Василево е во најнапредна фаза, па заинтересираните уште во почетокот на наредната година ќе може да аплицираат за парцели за изградба  на свои домови.

Истовремено, преку Југоисточниот плански регион се работат урбанистички планови за населените места Владевци, Ангелци и Градошорци. Заедничко за сите нив е што во сите населени места ќе биде проширен постојниот опфат. „Во населеното место Градошорци опфатот ќе биде проширен за 40 ха,  од кои 4 ха  или 80 градежни парцели со намена домување и 4 ха со намена спортски комплекс“ – прецизираше градоначалникот Стојанов. Урбанистичкиот план за населеното место Градошорци планирано е да биде готов за 6-7 месеци, додека за населените места Владевци и Ангелци за отприлика 1 година.

„Изготвувањето на овие урбанистички планови како и сите други активности што ги презема општината се во насока на осовременување на секојдневието на граѓаните на нашата општина,  – е ставот на градоначалникот Стојанов.

dsc_0720

dsc_0724

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Стојанов во посета на училиштето во Седларци

dsc_0694
Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, денес, заедно со директорката на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, г-ѓа Емилија Котева го посетија подрачното училиштео во с. Седларци со цел да ја согледаат моменталната состојба и условите во кои се одвива образовниот процес во училиштето.
„Денес сме во посета на училиштето во с. Седларци заедно со директорката на централното училиште „Гоце Делчев“ од Василево, со цел да ги да ги согледаме условите и процесот  на образованието на територијата на општина Василево. Тоа е контролирана посета, какви што правиме во сите подрачни училишта на територијата на општина Василево“ изјави градоначалникот на општина Василево по денешната посета на училиштето во Седларци.  Градоначалникот Стојанов информираше дека во ова училиште следува еден голем проект со кој ќе се подобрат условите во кои ќе се одвива образовниот процес. „Во тек се подготовките за распишување на јавните набавки за реконструкција на ова училиште која ќе опфаќа промена на кровна конструкција, промена на столарија, промена на подови, нова фасада и  панели за производство на струја со што училиштето ќе биде енергетски независно, произведувајќи си струја за сопствените потреби“ , ги прецизираше градоначалникот Стојанов  активностите што ќе следуваат во рамки на проектот „Заштита на животната средина во прекуграничниот регион Василево – Струмјани за подобрување на енергетската ефикасност“, што општина Василево ќе го имплементира заедно со општина Струмјани од Р.Бугарија. Средствата  за овој проект се обезбедени од Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020.
Стојанов најави и реконструкција на санитарните јазли во централното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Василево.

dsc_0688

dsc_0691

dsc_0696

dsc_0703

dsc_0715

dsc_0716

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прес на градоначалникот Стојанов – фокусот во 2016 беше ставен на с. Сушево

dsc_0678

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов денес одржа прес конференција на која информираше за реализираното во 2016 година. Интегрално,  информацијата од пресот е во продолжение:

dsc_0677

„Подобрувањето на инфраструкурата , развојот на индустријата  и воопшто  подобрувањето на животот на сите наши граѓани, беше приматот на општина Василево и во оваа 2016 година,  во која реализиравме повеќе проекти. Во пресрет на изготвувањето на Буџетот за следната година, би сакал да потенцирам дека во оваа година, општина Василево од својот Буџет но и од Буџетот на Владата на Р.М има инвестирaно  над милион евра. Сите овие средства се насочени за жителите на општината.

Фокус во ова 2016 година дадовме на населеното место Сушево каде инвестираме околу 700 илјади евра. Само за потсетување во ова населено место пред две години се случија поплавите кои предизвикаа огромни штети а ние како локална самоуправа обезбедивме средства за реализација на повеќе проекти. Таму во тек се работите за регулација на сушевскиот порој,  се работи на улица која ќе биде со тротоари , канделабри и атмосферска канализација. Во Сушево се работи и на изградба на мост. Станува збор за проекти кои верувам дека до крајот на годината ќе се реализираат и ќе бидат во функција на жителите од ова населено место

Паралелно со Сушево, работевме  проекти и во другите населени места . Во оваа година изградивме  улици во Добрашинци, Ангелци, две во Василево но и во Дукатино за што беа инвестирани околу 170 илјади евра.  Жителите од овие населени места веќе ги чуствуваат бенефитите од  изградените улици  кои се во должина од над  2 500 метри, што за нас како мала општина, е завидна бројка

Во функција на економскиот развој на општината а по барање на стопанствениците, оваа година  изградивме и улица во индустриската зона Градашорци .

На тој начин подобрени се условите за пристап и интензивирање на градбите  во оваа зона која треба да отвори нови работни места и изградба на откупни центри кои ќе бидат во корист на земјоделците . За таа намена таму вложивме околу 70 илјади евра. Кога сме кај индустриските зони, општина Василево е една од водечките по отварањето на свои зони и контуинирано вложување во нив. Во завршна фаза сме на урбанизација на  парцелите кај Нова Маала за изградба на винарски визби и фотоволтаични системи, што значи нови работи места и помош на лозарите околу пласманот на своето грозје.

Освен во патната инфраструктура контуинирано вложувавме и во изградба на спортски терени но и унапредување на  јавните зелени површини за што сведочат двата парка во Василево и Градашорци .

Кога сме кај спортските терени, општина Василево  во изминативе  седум  – осум години контуинирано работеше на подобрување на условите  за младите и спортистите за нивно рекреирање и спортување. Речиси во секое населено место изградивме спортски терени на кои граѓаните, посебно младите спортуваат и рекреираат и на кои веќе се одржуваат турнири. Истите ги градевме со  средства од Буџетот на општината но и од Владата на РМ. Така беше и оваа година. Изградивме повеќенаменско игралиште во Дукатино за што се инвестирани  40 илјади евра. Игралиштето е оградено и ќе биде осветлено и овие денови целосно ќе биде завршено  и ќе им служи на младите од ова населно место .

Општина Василево не застанува тука. Еве го креираме Буџетот за следната година и во партнерство со граѓаните ќе ги утврдиме потребите и приоритетите на општината за 2017 година. Нашите заложби остануваат како и досега,

-  инвестиции во патната и комунална инфраструктура со цел посовремени населени места,

- отварање нови индустриски зони со цел намалување на невработеноста

- и воопшто инвестиции  со кои ќе ги подобриме условите за живот на граѓаните во сите населени места  во општина Василево“.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Манифестација ден на празот по девети пат

dsc_0693

Градашорци, денеска, по девети пат беше домаќин на манифестацијата Ден на празот, промовирајќи го празот  како култура, а Градашорци и  општина Василево како поднебје и регион во кој се произведува најквалитетниот праз. Гости од општината, регионот, државата и странство имаа можност на лице место да вкусат од специјалитетите од праз, подготвени за денешниот настан и да се уверат во вкусот и разновидноста на неговата употреба. Годинава локалните домаќинки имаа подготвено околу 300 специјалите од праз, од кои голем дел по традиционални рецепти.

Можност да ги вкусат истите имаа и градоначалниците од италјанските општини Тесенано и  Корено  Аусонио и градоначалникот на општина Струмјани, Р.Бугарија кои беа гости на годинешнава манифестација.

„Манифестацијата е одличен  начин преку неколкучасовно дружење, забава и дегустација на производи од праз,  Градошорци да си го зачува реномето на најпразарско село во Македонија. Истовремено Манифестацијата Ден на празот е наш бренд по кој како општина сме препознатливи во регионот и пошироко“ истакна градоначалникот наопштина Василево поздравувајќи ги присутните граѓани. Стојанов како што рече смета дека ваквиот начин на промоција на празот, преку една масовна манифестација во екот на сезоната на прибирање на оваа култура,  е вистинскиот начин да се допре до сите граѓани, како до купувачите и преработувачите така и до крајните корисници – потрошувачите кои заедно со производителите формираат ланец неопходен за раст и развој во производството и пласманот на оваа култура.

Свое обраќање на манифестацијата имаше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Ванчо Костадиновски. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија, препознавајќи го ваквото значење, покрај континуирана финансиска поддршка на самото земјоделско производство, со особено задоволство го помага организирањето и на ваквите земјоделски манифестации каде што може да се види постигнатото, да се разменат нови идеи, искуства и да се дискутира за тоа што треба да направиме во иднина. Ваквите манифестации се поттик и инспирација за подобрување на маркетингот со земјоделските производи. Досегашните резултати веќе се видливи со тоа што се овозможи надалеку да се слушне за производството на висококвалитетен праз во Градошорци и општина Василево“, рече меѓу другото заменикот министер.

За забавниот дел од манифестацијата се погрижија Благица Калева и групата Модус, а македонскиот фолклор преку сплет од ора го презентираа културно уметничките друштва од Подарш и Радичево.

dsc_0716

dsc_0720

dsc_0760dsc_0691

dsc_0764dsc_0683

dsc_0684

dsc_0768

dsc_0772dsc_0709

dsc_0782

dsc_0787

dsc_0820

dsc_0822

dsc_0830

dsc_0833

dsc_0849

dsc_0853

dsc_0855

dsc_0863

dsc_0830

dsc_0844

dsc_0724

dsc_0755

dsc_0785

dsc_0783

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail