Author Archives: opstinaadmin

Граѓаните задоволни од реализацијата на приоритетите од Буџетскиот форум

dsc_0034

На синоќа одржана шеста форумска сесија со која се заокружи Буџетскиот форум што општина Василево  го реализираше со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC) и Единицата за координација на форумите,  по презентацијата од страна на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов,  граѓаните со аплауз го изразија своето задоволство од степенот на реализираните приоритети.

Од вкупно 30 проекти кои како  приоритети за реализација му беа предложени на градоначалникот, во изминатиот период 6 се целосно реализирани, кај 17 реализацијата е во тек, два се делумно реализирани, а реализацијата не е започната кај 5 од предложените.

Од листата на проектите, вкупно 28 на број,  кои како препораки за реализација му беа доставени на градоначалникот, реализирани се 8 а три се во фаза на реализација. Меѓутоа во изминатиот период општина Василево има реализирано и проекти кои не беа предложени на форумските сесии но кои како што рече градоначалникот на општина Василево,  се побарани од граѓаните на средбите што редовно се одржуваат со граѓаните во нивните населени места.

„ Буџетскиот форум, односно учеството на граѓаните во носењето на Буџетот е еден демократски чин каде сите граѓани учествуваат во неговото креирање односно предлагањето на приоритетните проекти кои општина Василево треба да ги реализира во наредната година. Праксата на општина Василево беше таква и во изминатиот период меѓутоа во една подруга форма. Разликата е во тоа што градоначалникот и администрацијата одеа во сите населени места каде граѓаните ги кажуваа своите предлози. Со ваквиот процес преку форумските сесии сите граѓани од сите населени места имаа можност да се сретнат на едно место и да ги согледат проблемите и потребите на сите населени места и да го увидат фактот дека  во сите населени места има конкретни потреби кои се приоритетни и на „заедничка маса“ да се одлучи за приоритетите во рамки на општината. Сметам дека ова беше најтранспарентен начин на донесување на Буџетот и приоритетните проекти за општина Василево, па истото ќе продолжиме да го правиме и во наредниот период бидејќи оваа завршна форумска сесија за нас воедно претставува и прва за донесувањето на Буџетот на општина Василево за 2017 година“ изјави  градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, по завршувањето на шестата форумска сесија со која се заокружија активностите од Буџетскиот форум.

dsc_0008

dsc_0009

dsc_0011

dsc_0023

dsc_0038

dsc_0043

dsc_0044

dsc_0045

dsc_0048

dsc_0052

dsc_0056

dsc_0065

dsc_1592

dsc_1604

dsc_1612

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево доби благодарница одТВ Канал ВИС

dsc_1579

Во знак на благодарност за успешната и долгогодишна соработка, а по повод 25- годишнината од своето работење, ТВ Канал ВИС одс Струмица и додели благодарница на општина Василево.

„Како резултат на нашата успешна соработка и Вашето објективно информирање, граѓаните на општина Василево и пошироко секогаш, брзо и навремено дознаваат за сите случувања и актуелности во нашата општина“ –рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, заблагодарувајќи се на овој обав гест на внимание од страна на оваа телевизија чиј сигнал зрачи во регионот. Соработката како што нагласи Стојанов, во интерес на навремено информирање на граѓаните,  ќе продолжи и во иднина.

dsc_1567

dsc_1584

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево се вклучи во акцијата „Македонија без отпад 2016“

dscn0313

Вработените во локалната самоуправа, комуналното претпријатие и образованието, во саботата се вклучија во еколошката акција „Македонија без отпад 2016“ .

Се собираше отпадот на неколку локации и тоа на просторот во и околу училиштето „Гоце Делчев“ во Василево, во дворот на локалната самоуправа, просторот околу ЈПКД „Турија“ и дивата депонија покрај  локалниот пат Василево – Пиперево.

Вклучувањето во оваа акција  е во насока на подигање на свеста на граѓаните за значењето на животната средина и показател дека сите заедно можеме многу да направиме за нејзиното зачувување, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој учествуваше во саботната еколошка акција.

dscn0312

dscn0313

dscn0316

dscn0318

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Покана за 6-та форумска

dsc_1564

Општина Василево ги поканува своите сограѓани, да земат учество во работата на шестата (последна) форумска сесија од Буџетскиот форум која ќе се одржи во  вторник, 04.10.2016 година, со почеток во 18,00 часот, во хотелот Мис Стон.

Според предложениот дневен ред на сесијата ќе се презентираат резултатите од форумскиот процес а свое обраќање ќе има и градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов.

Буџетскиот форум се спроведува во рамки на Програмата „Форуми во заедницата“ со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC) и Единицата за координација на форумите.

dsc_1566

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Гоце Делчев“ Василево се поднови со училишни табли

tabla3

Од вчера учениците во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево ќе пишуваат на новите училишни табли кои деновиве беа набавени и монтирани. Според информацијата од директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, деновиве направена е замена на дел од старите со нови училишни табли. Конкретно се работи за промена на 12 училишни табли кои се монтирани во училниците во централното училиште во Василево. Таблите се купени со средства од Буџетот на училиштето.

tabla

tabla2

tabla3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крпење на дупките на патот Градошорци – Ангелци

dsc_1466

Санацијата на селските патишта и улица во општина Василево продолжува. Деновиве се крпеа дупките на патот Градошорци и Ангелци кој е дел од региналниот пат Градошорци –Вељуса.  „Пополнувањето на дупките со асфалт ќе ја  подобри  состојбата на овој пат чија фреквентност и оптеретеност, пред се поради неговиот регионален карактер е голема. Резултат на тоа се  големи оштетувања по целата должина на коловозот кои претставуваат опасност за безбедно одвивање на сообраќајот“ рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во врска со крпењето на дупките на овој пат.

Активноста ја изведуваа екипи на Македонија пат.

dsc_1448

dsc_1450

dsc_1458

dsc_1461

dsc_1463

dsc_1466

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советниците го усвоија ребалансот на Буџетот на општина Василево

dsc_1469

На денешната редовна 44-та Седница на Советот на општина Василево, советниците ги донесоа предложените измени и дополнувања со што Буџетот на општина Василево претрпе намалување од околу 22 % кај Основниот  и околу 14,% кај консолидираниот односно Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници (ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала и ЈОУДГ „Прва радост“ Василево).  Со ребалансот, од 229 098 000 Буџетот се намалува на 195 784 000 денари.

Образложение за ребалансот на Буџетот даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото рече дека Буџетот ќе претрпи одредени промени, односно  намалување во некои ставки при што вкупниот Буџет ќе се намали за околу 14 % кое во пари би изнесувало околу 33 000 000 денари,  Основниот Буџет би се намалил за околу 34 000 000 односно за околу 22%,  додека самофинансирачките  активности ќе се зголемат за 7% односно 3 240 000 денари и донациите се зголемуваат за околу 506 000 денари односно за околу 4% . Во изјавата дадена за медиумите градоначалникот Стојанов изрази надеж дека денес усвоениот ребалансиран Буџет до крајот на годината успешно ќе биде  реализиран.

Ребалансот на Буџетот беше донесен со 9 гласови „за“, советниците од коалицијата на СДСМ и НСДП гласаа воздржано. Со истото мнозинство беа донесени и останатите точки од дневниот ред односно Годишните извештаи за работата во учебната 2015/2016 година на детската градинка „Прва радост“ од Василево и двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од  Василево и „Атанас Нивичански“ од  Нова Маала,  како и Програмите за работа за тековната учебна 2016/2017 година на истите институции.

Со забелешка дека материјалите за седница од двете основни општински училишта се доставени во несоодветен формат односно на ЦД, советниците од СДСМ и НСДП ја напуштија седницата и не учествуваа во работата кога овие точки беа на дневен ред.

Со едногласно усвојување на Барањето поднесено од  Македонска православна црква – Охридска епархија – парохија Василевска за доделување финансиска помош за изградба на параклисот посветен на Св. Јован Крстител на влезот во село Василево, заврши денешната 44-та редовна седница на Советот на општина Василево.

dsc_1482

dsc_1484

dsc_1489

dsc_1497

 

dsc_1476

dsc_1508

dsc_1512

dsc_1517

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Транспарентноста на општина Василево потврдена од Центарот за граѓански комуникации

sam_8604

Општина Василево е трето рангирана во однос на транспарентноста на ниво на регион – покажуваат резултатите од истражувањето за транспарентноста на општините што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Истражувањата кои Центарот ги направи  се однесуваат на тоа колку општините даваат информации за своето работење на сопствена иницијатива, без тоа да биде побарано од нив. Главно,  предмет на истражувањето било дали и колку локалните сампоуправи нудат информации за услугите и надлежностите на општината, за финансиската и буџетската транспарентност, за пристапот до информации од јавен карактер како и информации за специфичните надлежности на општините. Според овие критериуми, со индекс од 74,6% општина Василево е на третото место во Југоисточниот регион и на осмото место на ниво на држава.

Овие резултати се потврда на транспарентното работење што општината и праксата сите  информации битни за јавноста општината, преку својата веб страница www.opstinavasilevo.gov.mk самоиницијативно и навремено да ги споделува со јавноста.

slika-transparentnost

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ЈПКД „Турија“ од Василево се поднови со камион за смет

dsc_1420

ЈПКД „Турија“ од Василево, за потребите на своето работење, набави камион за собирање на смет.

„Причината за набавката на овој камион за собирање смет од домаќинствата е од два аспекти: првиот аспект е дека нашето комунално претпријатие успешно функционира и е во можност да набави механизација за своето тековно работење, а вториот аспект е потребата на граѓаните,  искажана на средби со нив сметот да се собира од сите домаќинства на територијата на општина Василево.“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при денешната негова посета на ЈПКД „Турија“.

Новиот камионот е со капацитет од 12 м3 , и е речиси двојно поголем од оној со кој досега се работеше во ова претпријатие.

Заради ограничените ресурси, односно имањето само на еден камион и еден трактор, комуналното претпријатие не е во можност да им понуди договор за оваа услуга на сите домаќинства од општина Василево. Со набавката на новиот камион оваа состојба ќе се подобри и ЈПКД „Турија“ ќе може на поголем број домаќинства да им го подига сметот.

„Наша интенција е да опслужуваме поголем број на граѓани, а со набавката на овој камион се надевам дека ќе успееме во намерите, – нагласи градоначалникот Стојанов.

Средствата за набавка на овој камион изнесуваат околу 20 000 евра и истите се обезбедени од сопствените приходи на ова претпријатие.

 dsc_1426

dsc_1430

dsc_1445

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 44-та седница на Советот на О.Василево

dscn5467

Во четврток, 29.09.2016 год. со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 44-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измени и дополнувања (Ребаланс) на Буџетот на општина Василево.
  2. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за учебната 2015/2016 год.
  3. Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2015/2016 год.
  4. Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2015/2016 год.
  5. Годишна програма за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2016/2017 год.
  6. Годишна програма за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2016/2017 год.
  7. Годишна програма за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за учебната 2016/2017 год.
  8. Донесување на Одлука по Барањето поднесено од Македонска православна црква – Охридска епархија – парохија Василевска.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail