Author Archives: opstinaadmin

Започна пријавувањето за Street Basket- Владевци 2016

Street basket

Од денес, 17.08.2016 год. започна пријавувањето за учество на турнирот во улична кошарка, Street Basket –Владевци 2016   истото ќе трае до вторник,  23 август,  до 20, 00 часот,  по што ќе биде извршено ждребањето со кое ќе се одредат паровите за игра.

Според пропозициите котизацијата за учество изнесува  2 500 денари а бројот на играчите во екипата  е 5 (пет). Вкупниот награден фонд изнесува 60 000 денари.

Турнирот ќе започне во среда на 24 август, со почеток во 20,00 часот и ќе трае до 27.08 2016 година кога ќе се одиграат финалните натпревари.

Турнирот се одржува четврта година по ред а покровител е општина Василево.

14068120_1782349808708537_9113782277438153947_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишани договори за два капитални проекти

DSC_0814

Изградба на мост на Сушевски порој и изградба на пешачка патека во с. Владиевци се двата нови проекти со вкупна вредност од околу 3,3 милиони денари,  за чија реализација денес општина Василево ги потпиша договорите со фирмите изведувачи.

„Денес во просториите на општина Василево беа потпишани два договори за реализација на уште два капитални објекти во нашата општина.  Едниот е за изградба на мост на поројот во с. Сушево  и е потпишан со компанијата „Жикол“, а другиот е потпишан со Евроградба од Владиевци и е за изградба на пешачка патека во населеното место Владиевци, покрај магистралниот пат, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по потпишувањето на договорите.

Изградбата на мостот на поројот, ќе ја подобри комуникацијата меѓу двата дела на селото односно на жителите од Сушево ќе им се олесни пристапот кон едната и другата страна на населеното место. Градоначалникот  Стојанов потенцираше дека изградбата на поројот е во завршна фаза па со изградбата на мостот и патот покрај поројот, целокупните планирани  градежни активности во Сушево ќе бидат заокружени со што  жителите на Сушево ќе добијат  многу поквалитетни и пред се безбедни услови за секојдневно живеење. Вкупниот Буџет за изградбата на мостот е околу 1 300 000 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој.

Патеката во населеното место Владиевци ќе се протега покрај магистраниот пат во должина од 320 метри и ширина од 2,3 метри. Истата ќе биде осветлена со што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во текот на целото деноноќие. Средствата за реализација на оваа активност се во висина од околу 2 000 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Градежните активности на овие два проекти комплетно треба да бидат завршени за три до четири месеци.

DSC_0828

DSC_0831

DSC_0822

DSC_0807

DSC_0825

DSC_0839

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Помош од општина Василево за настраданите од невремето

DSC_0789

Денес, на вонредна седница, Советот на општина Василево донесе одлука за доделување финансиска помош  во висина од 100 000 денари за настраданите од невремето што го погоди Скопје и околината на 06 август.

„Сочувствуваме со граѓаните кои беа погодени од невремето и како општина доделувајќи ги овие финансиски  средства сакаме да ја изразиме нашата хуманост и солидарност и да им помогнеме на граѓаните кои беа погодени од страшната  природна катастрофа, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов  како предлагач на одлуката.

Стојанов воедно упати апел до граѓаните на општина Василево доколку се во можност да ја покажат својата хуманост на дело и со сопствени донации да им помогнат на настраданите.

DSC_0798

DSC_0794

DSC_0801

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Денес, 08.08.2016 година, со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница.

Единствена точка на дневниот ред на денешната седница е: Предлог-одлука за доделување финансиски средства за солидарност од невремето што го погоди градот Скопје и околината на 06 август 2016 год.

Седницата ќе се одржи во просторите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ги усвои кварталните извештаи

DSC_0769

 На денешната, редовна 42-ра Седница на Советот на општина Василево, советниците ги усвоија сите 14 предлози од дневниот ред меѓу кои беа и Кварталните извештаи за реализацијата на Буџетот на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 31.06.2016 година. Според извештајот,  извршувањето на Буџетот на општина Василево (консолидиран) вклучително со единките корисници односно заедно со двете основни општински училишта и детската градинка,  е 27,04% или од планираните 229 098 000 денари реализирани се 61 928 312 ден. Што се однесува пак до реализацијата кај основниот буџет на општината, од планираните 153 170 000  ден. реализирани се 30 550 005 ден. или во проценти 19,95%.

Со мнозинство од осум гласови „за“ и два воздржани, донесени беа и Правилникот  за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.

Советниците од позицијата и од опозицијата имаа усогласен став во однос на останатите точки од дневниот ред, така што без дискусија и со сите гласови „за“ усвоени беа: Годишниот  извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година,  одлуките за доделување финансиски средства на  Ракометната федерација на Македонија, црковниот одбор на црквата Св. Тројца во Добрашинци и за организација на фестивалот за народни игри и песни Св.Петка, с. Ангелци.

Исто така со мнозинство од сите гласови усвоени беа и предлог решенијата за именување на член на Комисиите за:  еднакви можности; мандатни прашања,  избор и именувања; финансирање, буџет и локален економски развој и Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита, каде на местото на Весна Ризова именуван е Сашко Ѓоргиев.

На оваа седница како дополнителен предлог, усвоена беше и одлука со која се формира Комисија за поддршка и координација на функционирањето на ФК „Василево“ од Василево. За членови на оваа комисија избрани се: Драги Митев, Џоко Христов и Леонардо Николов, сите од Василево, а нивната задача ќе биде да го следат функционирањето на овој фудбалски клуб согласно законските прописи, за што извештај на крајот од секоја полусезона ќе поднесуваат до Советот на општина Василево.

DSC_0768

DSC_0770

DSC_0776

DSC_0777

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината потпиша договори за три нови проекти

DSC_0709

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов потпиша  договори за три нови проекти: улица во с. Седларци, улица во с.Василево за пристап до регионалниот пат Василево –  Струмица и договор за изработка на проектна документацја – основен проект за изградба на филтер станица за прочистување на вода за пиење за населените места Доброшинци, Нова Маала и Чанаклија.

„Денес потпишавме два договори од кои едниот е за изработка на техничка документација за изградба на нова филтер станица  за водоводот во Добрашинци, со што ќе го подобриме квалитетот на водата, овозможувајќи здрава и чиста вода за пиење за корисниците од населените места Доброшинци, Нова Маала и Чанаклија и објектите од новата индустриска зона каде е планирана изградба на винарски визби и фотоволтаични панели. Со реализацијата на овие договори продолжуваме да работиме во насока на подобрување на целокупната инфраструктура на територијата на општина Василево која во основа значи подобрување на условите за живот на сите  граѓани на општината“, изјави градоначалникот на општина Василево по денешното потпишување на договорите.

Вкупната вредност на овие три инвестиции е околу 3 000 000 денари од кои околу 2,5 милиони се за асфалтирање на двете улици и околу 500 000 денари за изработка на техничката документација за филтер станицата од која со чиста и здрава вода за пиење ќе се снабдуваат населените места Доброшинци, Нова Маала и Чанаклија. Средствата за изработка на техничката документација општината ги има обезбедено од Министерството за животна средина , додека  двете улици ќе се прават со сопствени средства на општина Василево.

Должината на улицата во населеното место Седларци е 500 метри а ширината,  како и кај повеќето улички низ населените места варира од  состојбата и условите на теренот. Улицата во Василево која воедно е и побрзување со регионалниот пат Василево –  Струмица, долга е 115 метри а широка околу 5 метри.

Активностите на терен треба да започнат во најкраток временски период како би се искористила оваа градежна сезона.

DSC_0706

DSC_0709

DSC_0744

DSC_0715

DSC_0718

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана пристапната улица во индустриската зона Градошорци

DSC_0658

 „Денес завршуваме со реализација на уште еден капитален проект за општина Василево, проект кој е од витално значење не само за граѓаните на општина Василево  туку и за сите оние кои имаат свои градежни парцели во третата индустриска зона во Василево“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, при денешната  посета на улица 5 – пристапната улица во индустриската зона Градошорци  која се асфалтираше,  нагласувајќи дека со изградбата на оваа улица,  атрактивни за продажба стануваат и градежните парцели кои се во склоп на оваа индусриска зона а се во приватна сопственост.

Што се однесува до останатата комуналната инфраструктура, општината има изготвено техничка документација за фекална канализација, па во иднина се очекува да бидат обезбедени средства и  да се изгради  систем за канализација со што уште повеќе би се подобриле условите во зоната.

„Токму тоа, стварањето на оптимални услови, добрата комунална инфраструктура, условите што ги нуди општина Василево и добрата местоположба се причините поради кои индустриските зони во општина Василево се едни од најинтересните за инвеститорите“ смета градоначалникот Стојанов.

Досега, сите градежни парцели во оваа индустриска зона кои се во државна сопственост се продадени, сопствениците ја имаат комплетирано потребната документација за градба,  на дел од парцелите веќе има изградено објекти, на некои градежните активности се во тек,  додека за останатите, со оглед дека поседуваат комплетна градежна документација реално се очекувањате  дека набргу ќе започнат со градба на капацитетите. Што се однесува пак до структурата по дејности, сите капацитети се од областа на агроиндустријата, односно капацитети за откуп, дистрибуција и преработка на земјоделски производи.

Вкупната должина на улицата е околу 600 метри и истата е со бехатонски пешачки патеки од двете страни со што се зголемува безбедност на пешаците. Освен за потребите на индустриската зона улицата ќе биде користена и од останатите жители на населеното место Градошорци, бидејќи поврзува дел од ова населено место.

Вкупниот буџет за изградба на оваа улица е околу 12 000 000 денари, од кои околку 10 000 000 се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. а остатокот во висина од околу 2 000 000 денари се средства на општина Василево. Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

DSC_0644

DSC_0651

DSC_0678

DSC_0657

DSC_0662

DSC_0670

DSC_0690

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 42 Седница

DSCN5467

Во среда на 27.07.2016 година со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 42 седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година.
  2. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
  3. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.
  4. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот 01.01.2016 до 30.06.2016 година (К-1).
  5. Кваратален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 30.06.2016 година (К-2).
  6. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 30.06.2015 година (К-3).
  7. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита на општина Василево.
  8. Предлог – решение за разрешување и именување на член на Комисијата за еднакви можности.
  9. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања.
  10. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
  11. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за народни игри и песни Св.Петка, с. Ангелци.
  12. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Ракометната федерација на Македонија.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината гради улица во Ангелци

DSC_0899

Со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој општина Василево гради улица во населеното место Ангелци.  Двеста метарската улица што од центарот на селото води кон селската црква Св. Спас  се гради со бехатонски плочи.  Ширината на улицата е 6 метри, а со шестметарскиот воден пропуст кој е дел од оваа улица ќе бидат надминати проблемите кои настануваат со надоаѓање на водите при поројните дождови.

„Ова е еден од проектите за кој општината има обезбедено средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој. Пред почетокот на градежните активности завршено е поставувањето на фекалната канализација со што се одбегнати било какви активности на копање на  или околу улицата“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој нагласи дека бенефит од оваа улица ќе имаат сите гртаѓани од населеното место бидејќи освен што поврзува две улици, таа поминува покрај самата селска црква.

Вкупниот буџет за комплетна изградба на улицата е околу 1 700 000 денари од кои околу 1 450 000 денари се средства од АФПЗРР а остатокот од околу 250 000 денари се средства од општинскиот буџет.

Работите се одвиваат со предвидената динамика, така што комплетно улицата треба да биде завршена до средината на нарњедниот месец.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

DSC_0903

DSC_0915

DSC_0917

DSC_0918 - Copy

DSC_0921

DSC_0923

DSC_0926

DSC_0927

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0844

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Радичево, локалната самоуправа од Василево заедно со претставници од општинските организации на борците од Струмица и Радовиш ја одбележа 75 годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина.

Пред точно 75 години, во близина на местото каде е поставена спомен плочата, на средината меѓу Струмица и Радовиш, непосредно до с. Радичево под изговор на заеднички излет на младите од двата града,  од страна на скоевските и просветните групи, била организирана историска средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

Реферат за настанот прочита градоначалникот на општина Василево, г-ди Ванчо Стојанов, а пред спомен плочата се поклонија делегации од општинските организации на борците од Струмица и Радовиш и делегација од локалната самоуправа под чие покровителство се одржа денешното одбележување.

DSC_0819

DSC_0826

DSC_0832

DSC_0836

DSC_0839

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail