Асфалтирана пристапната улица во индустриската зона Градошорци

DSC_0658

 „Денес завршуваме со реализација на уште еден капитален проект за општина Василево, проект кој е од витално значење не само за граѓаните на општина Василево  туку и за сите оние кои имаат свои градежни парцели во третата индустриска зона во Василево“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, при денешната  посета на улица 5 – пристапната улица во индустриската зона Градошорци  која се асфалтираше,  нагласувајќи дека со изградбата на оваа улица,  атрактивни за продажба стануваат и градежните парцели кои се во склоп на оваа индусриска зона а се во приватна сопственост.

Што се однесува до останатата комуналната инфраструктура, општината има изготвено техничка документација за фекална канализација, па во иднина се очекува да бидат обезбедени средства и  да се изгради  систем за канализација со што уште повеќе би се подобриле условите во зоната.

„Токму тоа, стварањето на оптимални услови, добрата комунална инфраструктура, условите што ги нуди општина Василево и добрата местоположба се причините поради кои индустриските зони во општина Василево се едни од најинтересните за инвеститорите“ смета градоначалникот Стојанов.

Досега, сите градежни парцели во оваа индустриска зона кои се во државна сопственост се продадени, сопствениците ја имаат комплетирано потребната документација за градба,  на дел од парцелите веќе има изградено објекти, на некои градежните активности се во тек,  додека за останатите, со оглед дека поседуваат комплетна градежна документација реално се очекувањате  дека набргу ќе започнат со градба на капацитетите. Што се однесува пак до структурата по дејности, сите капацитети се од областа на агроиндустријата, односно капацитети за откуп, дистрибуција и преработка на земјоделски производи.

Вкупната должина на улицата е околу 600 метри и истата е со бехатонски пешачки патеки од двете страни со што се зголемува безбедност на пешаците. Освен за потребите на индустриската зона улицата ќе биде користена и од останатите жители на населеното место Градошорци, бидејќи поврзува дел од ова населено место.

Вкупниот буџет за изградба на оваа улица е околу 12 000 000 денари, од кои околку 10 000 000 се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. а остатокот во висина од околу 2 000 000 денари се средства на општина Василево. Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

DSC_0644

DSC_0651

DSC_0678

DSC_0657

DSC_0662

DSC_0670

DSC_0690

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail