Author Archives: opstinaadmin

Во Едрениково се одржаа Ѓурѓовденските средби

DSC_0390

Втора година по ред, во населеното место Едрениково, во организација на општина Василево се одржаа Ѓурѓовденските средби.

Во предвечерјето на Христијанскиот празник Ѓурѓовден, манифестацијата на едно место ги собра жителите и пријателите на Едрениково, кои во убав амбиент, со програма подготвена од учениците од Едрениково и збогатена со изведбите на КУД „Илинден“ од Радичево го започнаа празнувањето на Ѓурѓовден кој воедно е и селска слава во ова населено место.

Присутните ги поздрави и манифестацијата ја прогласи за отворена градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.

Манифестацијата Ѓурѓовденски средби во Едрениково е планирана со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2016.

DSC_0395

DSC_0396

DSC_0401

DSC_0409

DSC_0415

DSC_0420

DSC_0424

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Ѓурѓовденски коњски трки

konski trki

Под покровителство на општина Василево , на 06.05.2016 година – празникот Ѓурѓовден, и ова година ќе се одржат традиционалните Ѓурѓовденски коњски трки . Почетокот е во 09,00 часот со парадно тргнување на коњитњ од пред Домот на културата во Василево . Трката ќе се одржи на патот кај големото фудбалско игралиште во Василево. За најдобрите јавачи обезбедени се парични награди. И оваа година во трките ќе учествуват коњи од населените места на повеќе соседни општини.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Ѓурѓовденски средби во Едрениково

SAM_9637

Вечерва, (05 мај 2016 година) во населеното место Едрениково, во организација на општина Василево, по втор пат,  ќе се одржи манифестацијата Ѓурѓовденски средби.
Манифестацијата ќе започне во 20,00 часот, односно по завршувањето на  црковната богослужба во црквата Св. Ѓорѓи. Покрај богатата културно уметничка програма организирана е и заедничка вечера за сите присутни. Одржувањето на манифестацијата е планирано со  Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2016.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Гоце Делчев“ Василево го одбележа патрониот празник

DSC_0401

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и свечена програма подготвена од учениците, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа својот патрон празник.

„Денес сме овде да го прославиме патрониот празник на нашето училиште, денес сме овде во чест на најголемиот херој и визионер Гоце Делчев кој светот го разбираше единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Гоце Делчев е име кое во сите нас буди хероизам, непокор, борбеност и стремеж за следење на неговите визии и големи дела“,  рече директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, заблагодарувајќи им се наприсутните кои дојдоа на одбележувањето на патронот.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото им порача да го чуваат споменот за Делчев и да го продолжат неговото дело „Благодарни за она што го сторил за нас Македонците, за аманетот што ни го остави нам и на поколенијата кои ќе дојдат по нас, со чувство на возвишеност и  гордост, денес на Делчев му оддаваме почит чувајќи го споменот за него и продолжувајќи го неговото дело“.

Учениците, на најдобар начин, со богата приредба, со многу рецитали, драматизации и музичко – балетски изведби ги покажаа своите достигнувања, способности и вештини стекнати за време на своето школување.

Одбележувањето беше збогатено и со доделување на благодарници и дипломи на учениците кои на општинските и републичките натпревари добиле награди и со своето учество го афирмирале училиштето.

DSC_0384

DSC_0385

DSC_0388

DSC_0394

DSC_0397

DSC_0402

DSC_0407

DSC_0413

DSC_0421

DSC_0427

DSC_0434

DSC_0437

DSC_0470

DSC_0475

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

DSC_0375

По повод големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов упати честитка до своите сограѓани – припадници на православната вероисповед.

Почитувани сограѓани припадници на православната вероисповед

Во пресрет на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, од мое лично име, од име на локалната самоуправа и од името на  на Советот на општина Василево, Ви посакувм добро здравје, среќа и убави празнични денови.

Велигден е празник на надежта и смислата на нашето постоење.  Затоа ширум да ги отвориме вратите од нашите домови и велигденската радост и убавина да ја поделиме со нашите блиски,  со нашите пријатели,  роднини,  соседи…  со сите драги луѓе кои ги познаваме  и среќаваме.

Да дозволиме светлината на овој празник да  ги исполни  нашите души и срца, да ни ја даде толку потребната сила и верба да ги надминеме меѓусебните недоразбирања, да се приближиме едни кон други и со верба во себе и во Бога, сплотени да зачекориме кон поубаво утре.

Празничните денови нека бидат исполнети со спокојство и хармонија, со радост и духовен мир.

Благодарни за она што го имаме да му се радуваме на животот.

Ви посакувам мир и спокој во душите, љубов и радост во срцата, среќа и бериќет во домовите.

 

Нека ни е честит Велигден

Христос Воскресе – Навистана Воскресе

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 39-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0352

На денешната редовна 39-та седница на Советот на општина Василево, усвоени беа сите предлози од дневниот ред.

Кварталните извештаи за извршување на Буџетот (К-1),  за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и за промените на состојбата на задолжувањето (К-3), сите за првиот квартал од годината односно за  периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година, без образложенија, дискусии и забелешки беа усвоени со 8 гласови „за“ и 2 „воздржани“.

Што се однесува до останатите предлози од дневниот ред советниците беа едногласни, па така со мнозинство од сите гласови, по образложението дадено од државниот службеник Бранко Андонов,  беа донесени Предлог-Одлуката за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на К.П бр. 2394 во КО Доброшинци и Предлог-Одлуката за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – помошен објект на К.П бр. 1153 во КО Градошорци вон гр.

Едногласно беше прифатен и предлогот за одобрување 10 000 денари на Џамискиот одбор од с. Градошорци како и предлог-одлуката за учество на општина Василево во проектот Small Grants Committee, поднесена од градинката Прва радост во Василево во соработка со Мировниот корпус.

DSC_0347

DSC_0350

DSC_0356

DSC_0357

DSC_0365

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна Велигденскиот турнир во Василево

10

Синоќа, во Василево, започна традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал. Покровител е општина Василево а организатор ФК Василево. Учество во турнирот имаат пријавено вкупно 12 екипи од општината. Натпреварите се играат на игралиштето на ООУ „Гоце Делчев“ Василево, со почеток во 18,00 часот. Финалните натпревари ќе се одиграат во понеделник,  02.05.2016 год. на вториот ден од празникот Велигден.

За најдобрите екипи и поединци обезбедени се награди.

7

8

4

5

12

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општините Василево, Агиа и Струмјани заедно ќе го зачувуваат екосистемот

DSC_0329

Вчера, градоначалникот на општина Василево, заедно со градоначалниците на општините Струмјани од Р.Бугарија и Агиа од Р.Грција ги ставија своите потписи на заедничка апликација за проект од Транснационалната програма за соработка Интеррег „Балкан Медитеран 2014 – 2020“, (Transnational Cooperation Programme Interreg „Balkan-Mediterranean 2014-2020“), со кој преку низа активности ќе влијаат на одржувањето и заувувањето на екосистемот во регионот.

Насловот на проектот е „Одржливо управување на шумските екосистеми во Балканско Медитеранската област“ а неговата основна цел е адаптирање на шумските екосистеми од балканско медитеранскиот појас кон негативните последици од климатските промени.

Вкупниот буџет е 705 000 евра.

Соработник на општина Василево во овој проект ќе биде  ПШС Беласица од Струмица.

Рокот за доставување на апликациите истекува денес.

DSC_0331

DSC_0335

DSC_0343

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Напредуваат градежните активности во с. Сушево

DSC_0477

„Денес сме во посета на градежните активности во населеното место Сушево каде се работат повеќе проекти паралелно. Она што сакам да го нагласам е дека пред извесно време започнаа и градежните активности за  изградба на улицата покрај поројот во должина од околу 1 200 метри и пешачка бехатонска патека со ширина од 1,3 метри која ќе биде по целата должина на улицата и ќе биде осветлена“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на с. Сушево односно посетата на трасата на која паралелно се работи на изградба на поројот и улицата.

„Она што е битно и што сакам да го потенцирам е дека освен овие два проекти кои во моментот се одвиваат, по завршувањето на парламентарните избори ќе отпочне и постапката за јавна набавка за изградбана мост на речното корито со што целиот овој проект  ќе биде заокружен, нагласи градоначалникот Стојанов кој смета дека со завршувањето на сите започнати и планирани активности не само што ќе се измени ликот на населеното место Сушево туку ќе се реши и повеќедеценискиот проблем што го имаат жителите на Сушево а тоа е поплавувањето на ова населено место при сите поголеми врнежи.

Комплетното завршување на сите тековни и планирани проекти треба да заврши до средината на септември, односно до Мала Богородица, празникот на ова населено место.

Вкупниот буџет за реализација на сите три проекти е околу 600 000 евра и истите се обесбедени од од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.

За периодот што следува градоначалникот најави и реконструкција на влезната улица во с. Сушево за која во тек е постапката за избор на изведувач за изготвување на техничка документација за реконструкција на целиот пат за Сушево од  магистралниот М-6 до центарот на с.Сушево, за како што рече тој, ова населено место да ги добие сите потребни услови.

DSC_0447

DSC_0449

DSC_0442

DSC_0451

DSC_0474

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 39-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во четврток, 28.04.2016 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 29-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-2).
  3. Квартален извештај за промени на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-3).
  4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на К.П бр. 2394 во КО Доброшинци.
  5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – помошен објект на К.П бр. 1153 во КО Градошорци вон гр.
  6. Донесување на одлука по барањето поднесено од Џамискиот одбор од с. Градошорци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail