Author Archives: opstinaadmin

Владина Одлука за движењето за Првомајските празници

Движење за први мај

На денешната седница на Влада донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Движење, Првомајски празници

 

 

 

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Маркети и продавници кои ќе работат за време на продолжениот полициски час

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Почитувани сограѓани!

Општина Василево и Општинскиот кризен  штаб како надлежни субјекти  Ве информираат кои стопански субјекти, односно продавници и  маркети   ќе работат односно ќе бидат достапни за време на продолжениот полициски час за време на викендот.

По принципот на порачки по телефон и достава до домашна адреса  ќе работат следниве трговски  субјекти:

Космос Енерџи, Василево, – телефон  за контакт и порачки: 077 790 858 и 075 493 512

Игор АЦ увоз извоз ДООЕЛ Василево, – телефон  за контакт и порачки: 070 484 713

Виоли Промет , Василево, телефон  за контакт и порачки: 071 271 312

ТП Јулијана Васе Митева, Василево, телефон  за контакт и порачки: 075 410 544

Вишна Елена, Градашорци, – телефон  за контакт и порачки: 078 265 421

Стојан – Јанче КОМ ДООЕЛ,Градашорци – телефон  за контакт и порачки: 072 684 147

Литсев Промет ДООЕЛ, Градашорци, телефон  за контакт и порачки 076 691 658

Кика Аце НИС ДООЕЛ,  Ангелци- телефон  за контакт и порачки:078 719 784

ТП Атанасова Н.Силвана, Ангелци- телефон  за контакт и порачки:078 302 110

Еуроспирит, Пиперево – телефон  за контакт и порачки:070 787 083

ТП Вики, Пиперево, телефон  за контакт и порачки, 070 256 774

Хридам Мид ДООЕЛ, Добрашинци, телефон  за контакт и порачки: 070 374 127

Викасара, Нова Маала – телефон  за контакт и порачки: 071 243 480

Панче комерц ДООЕЛ, Нова Маала – телефон  з, а контакт и порачки: 070 374 287

Бона Комерц ЈТД, Нова Маала- телефон  за контакт и порачки: 070 310 183

Катерина,  Владевци, телефон  за контакт и порачки: 078 223 844

Радичево пром ДООЕЛ, Радичево –  телефон  за контакт и порачки: 075 685 308

Вила Маркет ЈАП, Дукатино- телефон  за контакт и порачки:071 368 528

Ив-ве Компани,  Едрениково- телефон  за контакт и порачки: 070 348 194

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за правила за движење на неевидентираните земјоделци

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  достави  Известување за правилата  за движење на земјоделците кои не се евидентирани во ЕРЗС за време на викендот, односно периодот на забрана за движење,  почнувајќи од сабота 25 –ти  април од 15.00 часот, до понеделник 27-ми април до 05.00 часот. Правилата се однесуваат за  движења поврзани исклучиво заради вршење на земјоделски активности.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места за време на викендот, почнувајќи од сабота 25 –ти  април од 15.00 часот, до понеделник 27-ми април до 05.00 часот, телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на викендот, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, најкасно до сабота 25 април до 14 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево, им посака лесен пост на верниците од исламска вероисповед

cestitka, Bajram

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, на припадниците од исламска вероисповед им посака лесен пост.

„Пријатели, верници од исламска вероисповед, Ви посакуваме лесен пост, семеен мир и хармонија. Рамазан Бајрам, да го дочекате во добро здравје и радост“ , стои во пораката упатена од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев до припадниците од исламска вероисповед.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ со препораки од НБРМ во врска со исплатата на априлските пензии

NBRM-horz

Општина Василево како институција која се грижи за доброто на своите сограѓани, го објавува соопштението од НБРМ кое содржи препораки за  исплатата на априлските пензии.

Заеднички да го заштитиме јавното здравје

Препораки во врска со исплатата на априлските пензии

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на априлските пензии, апелираме:

Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина. Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од утре преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија, да настојуваат секогаш кога е можно плаќањата да ги вршат безготовински – со употреба на картичката. Така ќе придонесат за заштита на своето здравје и на здравјето на другите.

При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.

Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од понеделник до четврток, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. Во овој термин да се даде приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги

При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.

Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и сличнo.

Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на априлските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:

во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари;

во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.

Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

Во текот на претстојните денови ќе бидеме во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата на априлските пензии да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

Веруваме дека системскиот пристап којшто ќе се примени за исплатата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заврши реконструкцијата на локалниот пат Ново Владевци –Сушево

naslov

Општина Василево заврши со реконструкцијата на локалниот патен правец Ново Владевци – Сушево, делница која започнува од клучката со Магистралниот пат А4 Струмица – Скопје кај Ново Владевци  па се до центарот на село Сушево. Патот  е целосно асфалтиран со нов асфалт, а изграден е и еден масивен потпорен ѕид и еден цеваст монтажен пропуст.

Вкупната должина  на патот изнесува  1878 метри, а ширината околу 4,5 метри.

Средствата за овој капитален проект изнесуваат  околу 11,5 милиони денари или околу 190 000 евра, а  општина Василево ги обезбеди од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

„Реализацијата на овој локален пат,  кој беше во многу лоша состојба, е само доказ дека општината не отстапува од планираните активности и проекти и дека останува доследна  на курсот за подобрување на локалната патна инфраструктура,  односно заложбата за асфалт до секој дом“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Изведувач на работите на терен беше градежната компанија „Портланд“.

1_1280x960

2_1280x960

4_1280x960

6_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за маркетите и продавниците за работа во време на полициски час за викендот, 25 и 26.04.2020 г.

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за дополнителните ограничувања на движењето, Кризниот штаб на општина Василево ги информира економските оператори (маркети и здравствени аптеки) на територијата на општина Василево, кои сакаат и имаат услови да работат за време на полицискиот час, да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Василево.

Барањето кое е составен дел на ова известување, пополнето, со потпис од одговорното лице и печат од фирмата треба да се достави до архивата на општина Василево, најдоцна до 24.04.2020, (петок)до 13 часот.

Економските оператори кои не се во можност барањето да го преземат од веб страната на општина Василево, истото може да го подигнат во архивата на општина Василево, на лице место да го пополнат и веднаш да го достават.

Дозволите за работа се издаваат веднаш по внесувањето на Барањето.

Работата на овие субјекти ќе биде исклучиво преку нарачки по телефон или интернет комуникација и достава на производите/продуктите до домот на граѓаните

Телефонските броеви и контактите на економските оператори кои ќе побарат и добијат дозвола за работа за време на полицискиот час ќе бидат објавени на официјалниот веб сајт на општина Василево и на општинската ФБ страна.

За сите дополнителни информации граѓаните може да се обратат на следните телефонски броеви: 070 598 748  и  071 874 769

Барање за движење

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Од денес, задолжително носење на лична заштитна опрема

maska

Од денес, стапува на сила Уредбата за задолжително носење на заштитна опрема заради спречување на ширењето на коронавирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена на 45-та Седница на Владата на РСМакедонија.

Уредбата определува дека секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Под лична заштитна опрема се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

По исклучок, секој граѓанин, може да не ја носи личната заштитна опрема на лицето, само ако:

- носи посебна лична заштитна опрема на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи,

- престојува во двор на станбена семејна куќа,

- вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,

- патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или

- се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.

Уредбата исто така утврдува дека сите граѓани на територијата на Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема на нос и уста од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се намалуваат рестрикциите на движењето

Dozvoleno dvizenje

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05.00 часот наутро до 19.00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19.00 часот и ќе трае до 05.00 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05.00 часот наутро до 12.00 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13.00 до 19.00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15.00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05.00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05.00 часот наутро до 11.00 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12.00 до 15.00 часот.

Dozvoleno dvizenje

dozvoleno dvizenje 1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев

gradonacalnik

Почитувани сограѓани, припадници на Христијанската вероисповед,

Од мое лично име и од име на општина Василево  Ви упатувам честитка по повод големиот Христијански празник, празникот на воскресението, празникот на победата на животот над смртта, Христовото воскресение – Велигден.

Во ова време-невреме, во кое  ние како дел од целиот свет, сплотени  како никогаш досега се бориме  против заеднички, многу опасен, но невидлив непријател,   Ви ја упатувам нејголемата желба: Во духот на празникот нека победи животот.

Во борбата со злото да се потпреме на здравиот разум и исконската човекова борба за опстанок и победа. Да ги почитуваме  препораките од надлежните институции, да се придржуваме кон советите  од стручните  лица  и да му дадеме шанса  на животот.  Ова е такво време во кое единствено е сигурно,  дека ближниот свој ќе го заштитиме  од  невиливото  зло, доколку сме подалеку од него,  доколку се држиме на растојание од него. Физичката дистанца е најдоброто нешто што секој од нас може да го направи за себе и за своите најблиски. Тоа е она што во овие моменти ќе ја покаже големината на човекот и неговата огромна воља  да им одолее на искушенијата и  како и во сите досегашни битки и премрежија да излезе како победник.

Почитувани сограѓани

Нека победи разумот, нека победи љубовта кон најблиските. Со силата која ни ја дарува Бог нека победи животот.

Со убава мисла за секој, со молитва за долг и среќен живот, Ви покавувам мирни и спокојни Велигденски празници.

Христос Воскресна – Навистина Воскресна

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail