Заврши реконструкцијата на локалниот пат Ново Владевци –Сушево

naslov

Општина Василево заврши со реконструкцијата на локалниот патен правец Ново Владевци – Сушево, делница која започнува од клучката со Магистралниот пат А4 Струмица – Скопје кај Ново Владевци  па се до центарот на село Сушево. Патот  е целосно асфалтиран со нов асфалт, а изграден е и еден масивен потпорен ѕид и еден цеваст монтажен пропуст.

Вкупната должина  на патот изнесува  1878 метри, а ширината околу 4,5 метри.

Средствата за овој капитален проект изнесуваат  околу 11,5 милиони денари или околу 190 000 евра, а  општина Василево ги обезбеди од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

„Реализацијата на овој локален пат,  кој беше во многу лоша состојба, е само доказ дека општината не отстапува од планираните активности и проекти и дека останува доследна  на курсот за подобрување на локалната патна инфраструктура,  односно заложбата за асфалт до секој дом“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Изведувач на работите на терен беше градежната компанија „Портланд“.

1_1280x960

2_1280x960

4_1280x960

6_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail