Известување за правила за движење на неевидентираните земјоделци

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  достави  Известување за правилата  за движење на земјоделците кои не се евидентирани во ЕРЗС за време на викендот, односно периодот на забрана за движење,  почнувајќи од сабота 25 –ти  април од 15.00 часот, до понеделник 27-ми април до 05.00 часот. Правилата се однесуваат за  движења поврзани исклучиво заради вршење на земјоделски активности.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места за време на викендот, почнувајќи од сабота 25 –ти  април од 15.00 часот, до понеделник 27-ми април до 05.00 часот, телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на викендот, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, најкасно до сабота 25 април до 14 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail