Градоначалникот Андонов, гостин на Новогодишниот базар организиран од детската градинка Прва радост, Василево

13, naslov

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес на покана од детската градинка „Прва радост“, Василево беше гостин на нивниот Новогодишен базар.  Со честитка изработени од нив,  дечињата, на градоначалникот   му посакаа Среќна Нова 2022 година. Заедно со воспитувачките и негувателките, дечињата во улога на домаќини и продавачи, наредени пред импровизираната свечена трпеза, по симболични цени нудеа новогодишни производи подготвени од нивните родители.  Според информацијата од службите во градинката, настанот е традиционален и претставува вистинско предновогодишно уживање за сите, а со собраните средства ќе бидат купени едукативни материјали за децата од градинката.

2

14

21 22

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail