Градоначалникот Андонов учествуваше во активност за уредување на с. Дукатино

6

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  учествуваше во активноста на уредување на населеното место Дукатино, која заеднички ја реализираа жителите на Дукатино во соработка со ЈПКД „Турија“ и општина Василево.

„Жителите на Дукатино се сложни и организирани. Денес заедно сите со маханизација од ЈПКД Турија, ораганизираа акција за решавање на повеќе проблеми што го мачеа месното население повеќе години. Успешно се изврши рамнење на повеќе места во Дукатино и се исчистија православните гробишта. Жителите на Дукатино денес покажаа дека заедно и во соработка со локалната самоуправа можат да решат повеќегодишни проблеми. Заедничката дружба продолжи во црквата Св. Спас со ручек подготвен од вредните раце на домаќинките од Дукатино“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во врска со денешната активност во с. Дукатино.

3

1 5 4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail