Дневен ред за седмата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 30.03.2022 година (среда) со почеток во 11,00 часот во спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“ во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи седмата редовна седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за усвојување на Годишната сметка на ЈПКД„Турија“, п.о Василево за 2021 год. бр. 02-154/3 од 23.02.2022 година
  2. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2021 година бр. 02-159/1 од 24.02.2022 година
  3. Предлог-правилник за субвенционирање на домаќинствата во општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
  4. Предлог-акционен план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општина Василево.
  5. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година
  6. Предлог-одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Василево и општина Ново Село
  7. Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за загрозени подрачја на територијата во надлежност на АД Водостопанство на РМ-Скопје, подружница „Струмичко поле“, Струмица за 2022 година
  8. Предлог-план за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2022-2025)
  9. Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2022 година
  10. Завршна сметка на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година
  11. Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2022 година
  12. Завршна сметка на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2021 година
  13. Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за 2021 година
  14. Предлог-одлука за збратимување на општина Василево, Република Северна Македонија и општина Понтенуре, Република Италија.
  15. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Кецо Реџепова од с. Василево
  16. Донесување одлука по барање финансиски средства за организирање ловечка вечер поднесено од ЛД „Гоце Делчев“, од Босилово
  17. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ирена Танчева од с. Самоилово
  18. Донесување на одлука по барање за финансиски средста поднесено од Црковен одбор од с. Радичево

Седма седница, 30.03.2022 г.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail