ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник

DSC_0047_1024x681

Со полагање свежо цвеќе и пригодна свечена програма, ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа својот празник.

Пред бистата се поклонија делегации од училиштето и општината, а свои обраќања за имаа директорот на училиштето Дејан Стојанов  и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Секој народ во својата историја има некој великан. Нашиот е токму Гоце Делчев, нашиот патрон на кој токму денес му оддаваме почит“, нагласи директорот Стојанов на денешното чествување на ликот и делото на Делчев.

На присутните им се обрати и градоначалникот Андонов: „Овде сме да  му оддадеме почит на еден од најголемите синови на Македонија –  на визионерот, организатор и предводник на македонското национално движење; да му оддадеме почит на херојот  кој загина  на 04 мај во далечната 1903 година.  Да се поклониме пред споменикот на великанот Гоце Делчев – патронот на  ова наше училиште“, рече Андонов и притоа упати порака да се следи неговиот пат: „Да го продолжиме неговото дело, така како што тој ги поставил основите, како дијалог и натпревар на мисли и идеи кои водат кон развој и  подобро утре. Ова е единствениот исправен начин да се одржи чекор со времето, а притоа да не се загрозат цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот воопшто“.

Програмата беше збогатена со музички и литературни точки во изведба на улениците од  ова училиште.

DSC_0042_1024x681 DSC_0050_1024x681 DSC_0054_1024x681 DSC_0056_1024x681 DSC_0057_1024x681 DSC_0061_1024x681 DSC_0066_1024x681 DSC_0068_1024x681 DSC_0106_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail