Дневен ред за деветата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 30.05.2022 година (понеделник) со почеток во 13,00 часот, во просторите на спортската сала при ООУ „Гоце Делчев“, Василево,  Советот на општина Василево ќе ја одржи  редовната девета седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година за општина Василево;
  2. Предлог- одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Струмица и општина Василево;
  3. Предлог-одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ново Село и општина Василево;
  4. Предлог-одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“, Струмица – во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“, Струмица – во ликвидација;
  5. Предлог-одлука за усвојување на почетниот баланс, годишните сметки за 2021 и 2022 и Извештајот за материјалното и финансиското работење на Заедничкото јавно претпријатијатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“, Струмица – во ликвидација и одобрување на работата на ликвидаторот;
  6. Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2023 година;
  7. Давање согласност за паралелки под законски минимум за учебната 2021/22 година во ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  8. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Митко Ефтимов од с. Василево;
  9. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2022 година.

Дневен ред за 9-та седница

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail